160992A3UL_201801.book Page 324 Wednesday, January 10, 2018 1:52 PM
324 | Македонски
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 19 до жлебот 27 за 0°. Лостот
24 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика U1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила 19.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 49.
Поставување: (види слика U2)
– Олабавете го затегнувачкиот лост 8.
– Притиснете го граничникот 45 сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
63 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 8.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 63.
Доколку показателот на агли 44 и 5 по подесувањето не е
во линија со 0°-ознаките на скалата 4, олабавете ги
завртките за подесување на показателот на агли со
крстест одвртувач и израмнете го показателот на агли по
должина на 0°-ознаките.
Поставка на стандарден агол на закосување 45° (лево,
вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 20 до жлебот 27 за 0°. Лостот
24 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива шина со граничник 2
(види „Поместување на граничната водилка",
страна 319).
– Свртете го левиот граничник 3, додека стандардниот
агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со
стрелка.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 8.
– Навалете го кракот на алатот на дршката 13 налево,
додека завртката-граничник 64 не налегне на
граничникот 3.
Проверете: (види слика V1)
– Поставете го аголното мерило на 45° и ставете го на
масата за пилата 20.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 49.
Поставување: (види слика V2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
64 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
1 609 92A 3UL | (10.1.18)
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 8.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 64.
Ако показателот на агли 44 и 5 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 4 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Поставување на стандарден агол на закосување 45°
(десно, вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 20 до жлебот 27 за 0°. Лостот
24 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива шина со граничник 2
(види „Поместување на граничната водилка",
страна 319).
– Извлечете го граничникот 45 сосема нанапред.
– Свртете го десниот граничник 3, додека стандардниот
агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката за
стрелка.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 8.
– Навалете го кракот на алатот на дршката 13 надесно,
додека завртката-граничник 65 не налегне на
граничникот 3.
Проверете: (види слика W1)
– Поставете го аголното мерило на 135° и ставете го на
масата за пилата 20.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 49.
Поставување: (види слика W2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
65 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 8.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 65.
Ако показателот на агли 44 и 5 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 4 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 20 до жлебот 27 за 0°. Лостот
24 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика X1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка 1
и листот на пилата 49 на масата за пилата 19.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 49.
Bosch Power Tools