Bosch GCM 12 SDE Professional Notice Originale page 322

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 SDE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
160992A3UL_201801.book Page 322 Wednesday, January 10, 2018 1:52 PM
322 | Македонски
– Одвртете ги завртките 54 со инбус клуч (4 mm) 39 и
извадете ги старите плочи за вметнување.
– Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
– Прицвртете ја плочата за вметнување со завртките 54
што е можно подесно, така што по целата должина на
можното повлекување листот за пилата нема да доаѓа
во контакт со плочата за вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева
плоча за вметнување.
 Проверете дали осцилаторната заштитна хауба
може правилно да функционира и дали може
слободно да се движи. Кога го водите кракот на
алатот надолу, мора да ја отворите осцилаторната
заштитна хауба. Кога го водите кракот на алатот
нагоре, мора повторно целосно да се затвори
осцилаторната заштитна хауба над листот за пилата.
Сечење
 Секогаш затегнете го копчето за фиксирање 23 и
затегнувачкиот лост 8 пред сечењето. Инаку листот
на пилата може да се заглави во делот што се
обработува.
Поставување на број на вртежи
(не е расположливо во сите верзии во зависност од
земјата)
Со помош на регулаторот на број на вртежи 9 може
бесстепено да го подесите бројот на вртежи на
електричниот апарат и за време на работењето.
Степен на број на
вртежи
1
2
3
4
5
6
Сечење без влечење (отсекување) (види слика P)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање 6,
доколку истата е затегната. Поместете го кракот на
алатот до крај во правец на граничните водилки 2 и 1 и
повторно затегнете ја завртката за фиксирање 6.
– По потреба, поставете го саканиот агол на закосување.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Полека водете ја рачката на апаратот со дршката 13
надолу.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
1 609 92A 3UL | (10.1.18)
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење 37
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање 6, доколку истата е затегната.
– По потреба, поставете го саканиот агол на закосување.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поместете го кракот на алатот од граничните водилки 1,
додека листот за пилата не дојде пред делот што се
обработува.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Полека водете ја рачката на апаратот со дршката 13
надолу.
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки 1 и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечете делови со еднаква должина (види слика Q)
За едноставно сечење на исти делови може да го
користите граничникот за должина 55 (опрема).
Граничникот за должина може да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила 29.
– Олабавете ја завртката за блокада 56 и преклопете го
граничникот за должина 55 над завртката за затворање
57.
– Повторно затегнете ја завртката за фиксирање 56.
– Поставете го продолжетокот на масата за пила 29 на
Материјал
саканата должина (види „Продолжување на масата за
пилата", страна 319).
Алуминиум
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика R)
Пластика
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб.
Дрво
– Навалете го граничникот за длабочина 42 нанапред.
– Навалете ја рачката на апаратот на дршката 13 во
саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување 41 додека крајот на
завртката не го допре граничникот за длабочинa 42.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечење на жироки профили (види слика S)
За сечење на широки профили (макс. висина 175 mm)
користете го разделувачот 7.
– Олабавете го шрафот за прицврстување 6, доколку е
затегнат, и повлечете го напред кракот на алатот.
– Преклопете го разделувачот 7 надолу над механизмот
за влечење 37 и притиснете го кракот на алатот колку
што е можно поназад.
– Повторно зацврстете го шрафот за фиксирање 2.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од склизнување.
На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières