Bosch GCM 12 SDE Professional Notice Originale page 318

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 SDE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
160992A3UL_201801.book Page 318 Wednesday, January 10, 2018 1:52 PM
318 | Македонски
работна подлога, може привремено да го поставите со
заштита од превртување.
 Без заштитата од превртување, електричниот
апарат нема да биде стабилен и може да се преврти
при сечење на максимални агли на закосување.
– Свртете ја заштитата од превртување 25 навнатре или
нанадвор додека електричниот апарат не застане
рамно на работната површина.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Надворешно вшмукување (види слика B)
За вшмукување, на исфрлувачот на струготини 36 може
да приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 35 мм).
– Поврзете го цревото за вшмукување на прав со
исфрлувачот на струготини 36.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Менување на листови за пилата
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
1 609 92A 3UL | (10.1.18)
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Монтажа со завртка со внатрешна шестоаголна глава
(погледнете ги сликите C1–C3)
Вадење на листот од пилата:
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Навалете ја заштитната хауба со повратен механизам
16 до крај наназад.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 47
со инбус клуч (6 mm) 39 и истовремено притиснете ја
блокадата на вретеното 43, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 43 и
одвртете го шрафот 47 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 48.
– Извадете го листот за пилата 49.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Монтирање на листот за пилата:
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете ја заштитната хауба со повратен механизам
16 до крај наназад.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 50.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ги затегнувачката прирабница 48 и
завртката со внатрешна шестаголна глава 47.
Притиснете ја блокадата на вретеното 43, додека не се
вклопи и затегнете ја завртката во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Монтажа со SDS-завртки (види слика D)
 При вертикално сечење со закосување и користење
на SDS-завртка 32 пред сечењето, со помош на
соодветно подесување на граничникот за
длабочина, мора да се осигурате дека SDS-
завртките во ниеден момент нема да се допираат до
површината на делот што се обработува (види
„Подесување на граничникот за длабочина",
страна 322). На тој начин се спречува оштетување на
SDS-завртките и/или делот за обработка.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières