• Не користете абразивни течности за чистење на
куќиштето.
• За намалување на ризикот од запалување, одржувајте
го моторот да нема остатоци од трева, листови и
прекумерно масло.
ВАЖНО Никогаш не користете вода под висок притисок.
6.2. ОДРЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ СО СЕЧИЛОТО
Сите операции што се поврзани со уредот со
сечилото (вадење, острење, изедначување,
поправка, повторно ставање и/или замена)
се одговорни работи за кои е потребна
специфична компетентност покрај соодветни
алати. Од безбедносни причини, треба секогаш
да ги извршува специјализиран сервисен
центар.
Заменувајте го секогаш уредот со сечилото
ако е оштетен, изабен или истрошен, заедно
со соодветните шрафови за да ја одржите
рамнотежата.
ВАЖНО Секогаш користете оригинални уреди со сечива,
дадени со код во табелата „Технички податоци".
6.3. ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата се доставува со модели со команда за
електрично палење на копче. Во однос на упатствата
коишто се однесуваат на автономијата, полнењето,
одлагањето и одржувањето на батеријата, следете ги
упатствата коишто се дадени во упатството за моторот.
ЗАБЕЛЕШКА За подетални информации за одржување,
погледнете го целосното упатство за употреба.
7.
ТРАНСПОРТ, ОДЛАГАЊЕ И
ОТСТРАНУВАЊЕ
7.1. ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината:
• Застанете ја машината.
• Осигурете се дека секоја подвижна компонента е
застаната.
• Откачете го капачето на свеќичката или извадете го
безбедносниот клуч или батеријата (кај модели со
команда за електрично палење преку копче).
• Носете заштитни ракавици.
• Фатете ја машината на места кои нудат сигурен зафат,
имајќи ја предвид нејзината тежина и распределба
на истата.
• Ангажирајте соодветен број на луѓе според тежината
за машината.
• Проверете дали кога работи машината, нема знаци
на оштетувања или дефекти.
• Цврсто блокирајте ја во текот на транспортот со
јажиња или синџири за да избегнете превртување и
можно оштетување и истекување на горивото.
7.2. ОДЛАГАЊЕ
Кога машината треба да се одложи:
• Вклучете го моторот на отворено и одржувајте го во
минимален режим на работа сè додека не се изгасне
за да го потроши целото гориво што останало во
карбураторот.
• Исчистете ја темелно машината.
• Проверете ја целосноста на машината;
Одложете ја машината:
• Во сува просторија.
• Засолнета од лоши временски услови.
• На место надвор од дофатот на децата.
• Проверете дали сте ги тргнале клучевите и опремата
што ја користевте при одржувањето.
ЗАБЕЛЕШКА Чувајте ја машината на таков начин што не
претставува опасност во случај на контакт, дури и случаен,
со луѓе, деца или животни
МК - 5
(Сл. 15)