Télécharger Imprimer la page

ST MCS 504 Serie Manuel D'utilisation page 94

Masquer les pouces Voir aussi pour MCS 504 Serie:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 68
врне и кога ризик од временска непогода, особено 
грмотевици.
• Обрнете  особено  внимание  на  нерамнините  на 
теренот  (грутки,  канали),  закосувањата,  сокриени 
опасности  и  на  присуството  на  дадени  опасности 
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, 
дупки или препреки. Машината може да се преврти 
ако едното тркало поминува преку раб или ако работ 
е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на косината, во 
правец  н агоре/надолу,  н о  н икогаш  п опреку  в нимавајќи 
при  тоа  на  менувањето  на  правецот  одржувајќи 
правилна  потпора  и  да  избегнувате  тркалата  да 
удираат  на  пречки  (камења,  гранки,  корења  и  сл.) 
со што може да се предизвика странично лизгање, 
превртување или загуба на контролата врз машината.
• За  да  избегнете  ризик  од  пожар,  не  оставајте  ја 
машината со врел мотор во лисја, исечена трева или 
кај друг запалив материјал.
Однесување
• Обрнете внимание кога одите во рикверц или наназад. 
Погледнете зад неа пред и при движење наназад за 
да обезбедите дека нема никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш  држете  ги  рацете  и  нозете  подалеку  од 
уредот со сечилото, особено при палење на моторот 
и додека работите со машината.
• Внимание: делот со сечилото продолжува да се врти 
уште неколку секунди откако ќе се исклучи или откако 
ќе го изгаснете моторот.
• Секогаш стојте оддалечено од отворот за празнење.
• Не  допирајте  ги  деловите  на  моторот  коишто  се 
загреваат во текот на работата. Ризик од опекотини.
Во случај на дефект или инциденти во текот
на работата, веднаш исклучете го моторот
и оддалечете ја машината внимавајќи да
не предизвикате други оштетувања. Во
случај на инцидент со лична повреда или
повреда на трето лице, пристапете веднаш
кон постапката за давање најсоодветна прва
помош за дадената состојба и обратете се во
соодветен центар за здравствена заштита за
неопходно лекување. Отстранете ги темелно
сите остатоци од косењето што може да
предизвикаат дефект или повреди на лица
или животни ако останат незабележано во
машината.
Ограничување при употреба
• Не користете ја машината никогаш кога има оштетени 
делови,  ако  недостасуваат  или  не  се  правилно 
поставени  (вреќата  за    собирање,  заштитата  на 
страничниот испуст, заштитата на задниот испуст).
• Не  користете  ја  машината  ако  дополнителната/
помошната опрема не е поставена на дадените точки.
• Не  исклучувајте,  дезактивирајте,  вадете  ги 
манометарот  и  поставените  безбедносни  системи/
микропрекинувачи.
• Не  менувајте  ги  регулациите  на  моторот  и  не 
доведувајте  го  моторот  во  голем  режим  на  работа. 
Ако  моторот  почне  да  работи  со  прекумерен  број 
на вртежи, ризикот од лични повреди се зголемува.
• Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не 
користете мала машина за изведување тешки работи; 
адекватно  користење  на  машината  го  намалува 
ризикот и го подобрува квалитетот на работата.
1.4. ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината 
за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на 
работа.
• Никогаш не користете ја машината со користени или 
оштетени делови. Оштетените или дефектните делови 
треба да се  заменат, никогаш да не се поправаат. 
Користете  само  оригинални  резервни  делови: 
употребата  на  делови  коишто  не  се  оригинални  и/
или  несоодветно  поставени  може  да  доведат  до 
инциденти или лични повреди, а со тоа се ослободува 
производителот од секоја обврска или одговорност. 
• За  да  го  намалите  ризикот  од  пожар,  редовно 
проверувајте дали има пролеано масло и/или гориво.
• Во текот на операциите за регулирање на машината, 
обрнете  внимание  и  избегнувајте  прстите  да  ви  се 
наоѓаат заглавени во уредот со сечилото во движење 
и фиксните делови на машината.
• Никогаш  не  чувајте  ја  машината  со  гориво  во 
резервоарот  во  просторија  каде  испарувањата  од 
горивото може да допрат до отворен пламен, искра 
или до извор на топлина.
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте полни 
контејнери во затворен простор.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во
ова упатство се максимални вредности при
употреба на машината. Употребата на елемент
за косење којшто не е стабилен, движењето
со преголема брзина, неодржувањето на
машината значително влијаат врз емисијата
на бучава или вибрации. Затоа, неопходно
е да применувате заштитни мерки за да
елиминирате можни оштетувања заради
зголемена бучава или значителни вибрации.
Редовно одржувајте ја машината, носете
слушалки против бучава и правете паузи во
работата.
1.5. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
• Доследно  следете  ги  локалните  закони  за  фрлање 
на амбалажата, делови во распаѓање или какви било 
елементи со штетно влијание врз животната средина. 
Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ѓубре, туку 
треба да се селектираат и да се однесат во соодветни 
собирни центри за рециклирање материјали.
• Следете ги во целост локалните закони за фрлање на 
материјалите што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината 
каде било во природата, туку предајте ја во собирен 
центар во согласност со важечките локални закони.
2.
ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Оваа машина е тревокосачка со оператор на нозе
Машината  во  основа  се  состои  од  мотор  којшто 
придвижува  уредот  со  сечилото  со  запци  сместени  во 
картер и има тркала и ракофат.
Операторот е во позиција да управува со машината и да 
ги вклучува главните команди држејќи се секогаш зад 
МК - 2

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Mcs 474 serie