– Не ја користете машината во режим на
„мулчирање" за косење на многу висока трева.
– Употреба на „ECO" режимот (пас. 5.3.4).
Во случај кога сакате да ја користите машината за многу
долга работа и користите стандардна батерија, може:
– Да набавите втора стандардна батерија за да
ја замените веднаш потрошената батерија
без да треба да ја прекинувате работата.
– Да набавите акумулатор со поголема издржливост
во однос на стандардната батерија (пас. 15.1).
7.2.2
Индикаторски светла за намалена
преостаната енергија на акумулаторот
(доколку се вградени)
На горниот дел на моторот има индикаторски
светла, коишто за време на работење се вклучуваат
и светкаат кога нивото на преостаната енергија
на моторот е премногу ниско (Сл. 26.0).
Постојат два прага на сигнализација:
1.
Бавно светкање (еднаш на секои две
секунди): преостаната енергија околу 15%.
2.
Брзо светкање: преостаната
енергија околу 10%.
Вредностите се индикативни и се однесуваат
на нормалните услови за косење (пас. 7.2.1).
За модели со рачка тип „II"/„III"
Кога акумулаторот е испразнет,
машината емитува звук, и индикаторот за
преостаната енергија покажува 0%.
Застанете ја машината (пас. 6.5) и целосно
наполнете го акумулаторот (пас. 7.2.3).
7.2.3
Исклучување и полнење на батеријата
1. Отворете го капакот на делот на акумулаторот и
извадете го безбедносниот клуч.
2.
Притиснете го страничното јазиче во
куќиштето на акумулаторот (Сл.29.A) и
извадете го акумулаторот (Сл.29.B).
3.
Вметнете го акумулаторот (Сл.29.B) во
куќиштето на полначот (Сл.29.C).
4.
Поврзете го полначот на батерии во извор
на ел. енергија со соодветен напон како
оној што е посочен на етикетата.
5.
Секогаш полнете ја до крај следејќи ги
упатствата дадени во упатството за
батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА
Батеријата се доставува
со заштита што го прекинува полнењето ако
температурата во средина не е меѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА
Батеријата може да се полни во секој
момент, дури и делумно без ризик од оштетување.
7.2.4
Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
1. Извадете ја батеријата од нејзиното место во
полначот за батеријата (избегнете да ја држите за
местото под полначот).
2.
Исклучете го полначот на батеријата
од довод на ел. енергија.
Отворете го капакот на куќиштето на акумулаторот
3.
(Сл.30.A), вметнете го акумулаторот (Сл.30.B)
и притиснете надолу додека не кликне, и
потоа проверете го електричниот контакт.
4.
Затворете ја докрај вратичката.
7.3
ЧИСТЕЊЕ
Исчистете ја машината по секоја употреба
следејќи ги следните упатства.
7.3.1
Чистење на машината
• Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација
се ослободени од остатоци од косењето.
• Не го прскајте со вода моторот и електричните
компоненти за да не ги намокрите (Сл.31.0).
• Не користете абразивни течности за чистење на шасијата.
• За намалување на ризикот од запалување, одржувајте
ги тревокосачката и машината, а особено моторот од
остатоци од трева, листови и прекумерно масло.
За модели со рачка тип „II"/„III": Секогаш
одржувајте ги рачките, екранот и копчињата чисти.
7.3.2
Чистење на уредот на сечилото
Отстранете ги остатоците од трева и кал што се
наталожиле од внатрешната страна на куќиштето
за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии
при подоцнежно палење заради исушување.
Закосете ја машината на страна и проверете дали машината
е стабилна пред да направите каква било интервенција.
За странично исфрлање: извадете го каналот
за исфрлање (доколку е монтиран - пас. 6.1.2b.).
Бојата во внатрешноста на шасијата може да испука поради
абразивно дејство на искосената трева; Во овој случај,
веднаш префарбајте ја со боја против 'рѓа, за да се спречи
формирање на 'рѓа што може да го кородира металот.
7.4
НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
Сите завртки, навртки и лостови треба да
бидат добро прицврстени за да се осигурате
дека опремата е безбедна за работа.
MK - 10