C.
Уред со сечивото: соодветен
елемент за косење на тревата.
D.
Обезбедувачот за задно исфрлање:
е безбедносен уред којшто спречува
собраните предмети од сечилото да
се исфрлат далеку од машината.
E.
Каналот за странично исфрлање (доколку
има): освен што служи за странично
исфрлање трева на земјата, исто така
претставува и безбедносен елемент, којшто
спречува собраните предмети од сечилото
да се исфрлат далеку од машината.
F.
Рачка: местото за работа на операторот.
Нејзината должина овозможува операторот
секогаш да го одржува безбедното
растојание од уредот со ротирачкото
сечиво во текот на работата.
G.
Батерија (ако не се доставува со машината,
погледнете го поглавјето 15 „Дополнителна
опрема на барање"): обезбедува енергија
за стартување на моторот; неговите
спецификации и правила за користење се
опишани во специјалниот прирачник.
H.
Контролниот прекинувач (Тип I): го
стартува/запира моторот, и истовремено
ги вклучува/исклучува сечилата.
I.
Рачка за операторот (Тип II/III - Напредна
серија) : оваа рачка е наменета за
придвижување на сечилата и погонот. Моторот
автоматски се гасне со пуштање на двете рачки.
J.
Рачка за вклучување на погонот
(доколку има): оваа рачка е наменета
за активирање на погонот на тркалата, и
за движење на машината нанапред.
K.
Вратичка за пристап до
одделот за батеријата
L.
Безбедносен клуч (уред за дезактивирање):
Клучот го активира / дезактивира
електричното коло на машината.
M.
Полнач за батерија (ако не се доставува
со машината, погледнете го поглавјето 15
„Дополнителна опрема на барање"): уред што
се користи за полнење на акумулаторот.
4.
МОНТАЖА
Правилата за безбедност што треба да се
почитуваат се опишани во погл. 2. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или
опасности.
За потребите на складирање и транспорт, одредени
компоненти на машината не се монтирани во
фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на
амбалажата следејќи. Следете ги упатствата подолу.
Распакувањето и целата монтажа треба да се
извршат на цврста и рамна површина со доволно
простор за поместување на машината и на амбалажата
користејќи секогаш соодветни алати. Не ја користете
машината пред да ги прочитате упатствата наведени во
делот „МОНТИРАЊЕ".
4.1
ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1
Распакување
1.
Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2.
Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3.
Извадете ги од кутијата сите делови
што не се монтирани.
4.
Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
Пред да започнете со монтирање, уверете се дека
безбедносниот клуч не е вметнат во клучалката.
4.2
ПОСТАВУВАЊЕ НА РАЧКАТА
• Тип „I"
Монтирајте ја рачката како што е прикажано на (Сл.3.0).
• Тип „II" - Напредна серија
Монтирајте ја рачката согласно
инструкциите на (Сл.4.0) (Сл.8.0).
• Тип „III" - Напредна серија
Монтирајте ја рачката согласно
инструкциите на (Сл.9.0) (Сл.12.0).
5.
КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1
БЕЗБЕДНОСЕН КЛУЧ (УРЕД
ЗА ДЕЗАКТИВИРАЊЕ)
Клучот (Сл.13.A) што се наоѓа во делот за акумулаторот,
го вклучува / исклучува електричното коло на машината.
Со вадење на клучот, комплетно се
дезактивира електричното коло за да се спречи
неконтролирана употреба на машината.
Извадете го безбедносниот клуч
ВАЖНО
секојпат кога ја оставате машината без надзор.
5.2
РАЧКА - ТИП „I"
5.2.1
Контрола на прекинувач
Контролниот прекинувач го стартува/запира моторот,
и истовремено ги вклучува/исклучува сечилата.
Прикажаните позиции соодветствуваат со:
1.
Работење. За да го стартувате
уредот, притиснете го безбедносното
копче (Сл.14.A), повлечете една од
двете рачки (Сл.14.B) и почекајте 2-3
секунди за моторот да стартува.
2.
Заедно со стартувањето на
моторот, се активираат и сечилата.
3.
Запирање. Моторот автоматски запира
кога двете рачки се отпуштени (Сл.14.B).
MK - 5