MIRKA AROP-B 312NV Mode D'emploi page 156

Masquer les pouces Voir aussi pour AROP-B 312NV:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 86
mk
Дијагностика на полначот
Полначот ќе покаже ако:
• Батеријата се прегрева Сите три сијалички за полнење ќе трепкаат Извадете ја батеријата и оставете ја да се
излади 15–30 минути, па повторно ставете ја
• Има дефект на батеријата или полначот Две сијалички за полнење ќе трепкаат Извадете ја батеријата и
оставете ја да се излади Повторно ставете ја батеријата во полначот Ако двете сијалички за полнење сè уште
трепкаат, можеби батеријата или полначот треба да се сервисираат
Како да започнете
• При отпакувањето на алатот проверете дали тој е цел, комплетен и неоштетен при транспортот Никогаш не
користете оштетен алат
• Пред употребата, проверете дали потпорната подлога е правилно поставена
• Ставете ја целосно наполнетата батерија во полирката додека не се прицврсти со кликнување
Упатства за ракување
• Алатот е наменет за употреба како рачен алат Алатот може да се користи во секаква положба
• Изберете соодветна подлога за полирање и прицврстете ја за потпорната подлога Проверете дали подлогата
за полирање е центрирана на потпорната подлога
• Полирката сега може да се активира/вклучи и да стартува со притискање на активаторот
• Полирката ќе работи и ќе остане во активен режим сè додека го притискате активаторот Откако ќе го
отпуштите активаторот, полирката ќе прекине, но ќе остане во активен режим кратко време пред да се
деактивира/исклучи автоматски
• Кога полирката е во активен режим, десниот LED-индикатор свети зелено
• Ако се користи интелигентна батерија, сите три LED-индикатори ќе трепкаат со зелена боја при стартувањето
• Во активен режим, левиот LED-индикатор го покажува статусот на батеријата:
– Зелено: батеријата е доволно наполнета
– Трепка зелено: нивото на батеријата е под 75%
– Трепка зелено/црвено: нивото на батеријата е под 50%
– Трепка црвено: нивото на батеријата или здравствената состојба на батеријата (достапно само ако се користи
интелигентна батерија) е под 25%
– Црвено: напонот на батеријата е преслаб и полирката не може да се користи
AROP-B: 4.000–7.000 врт./мин. Со менување на положбата на рачката можете да го приспособувате бројот
на вртежи меѓу 4 000 и максималниот број вртежи во минута Во активен режим, може да го приспособите
максималниот број вртежи во минута со притискање на копчињата rpm+ или rpm-, прикажани на слика 1 Бројот
на вртежи во минута може да се приспособува во чекори на 4 000, 4 500, 5 000, 5 500, 6 000, 6 500 и 7 000 вртежи
во минута
ARP-B: 1.500–2.200 врт./мин. Со менување на положбата на рачката можете да го приспособувате бројот
на вртежи меѓу 1 500 и максималниот број вртежи во минута Во активен режим, може да го приспособите
максималниот број вртежи во минута со притискање на копчињата rpm+ или rpm-, прикажани на слика 1 Бројот
на вртежи во минута може да се приспособува во чекори на 1 500, 1 600, 1 700, 1 800, 1 900, 2 050 и 2 200 вртежи
во минута
• Вртежите во минута може да се заклучат за да се спречи случајна промена на вртежите во минута Почекајте
додека полирката не влезе во активен режим Истовремено притиснете ги и задржете ги двете копчиња
rpm+ и rpm-, па повлечете го активаторот За да го отклучите алатот, повторете ја истата постапка Ако некое
од копчињата rpm+ или rpm- се притисне во режим на заклучена брзина, десниот LED-индикатор ќе трепка
црвено двапати, но брзината нема да се промени
• При полирањето, секогаш прво поставувајте го алатот на работната површина пред да го стартувате
Пред запирањето, секогаш отстранувајте го алатот од работната површина На овој начин ќе го спречите
создавањето жлебови на работната површина поради преголема вртежна брзина на подлогата за полирање
• Кога ќе завршите со полирање, извадете ја батеријата од полирката така што ќе го притиснете копчето од двете
страни и истовремено ќе ја извадите батеријата од алатот Наполнете ја батеријата
156
Mirka® AROP-B 312NV & ARP-B 300NV • 77 mm (3") • 10.8 V

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Arp-b 300nv

Table des Matières