mk
• Надворешниот дијаметар и дебелината на вашиот додаток мора да биде во рамките на капацитетот
на вашиот електричен алат. Додатоците со несоодветна големина не може адекватно да се заштитат и да се
контролираат
• Навојното монтирање на додатоците мора да одговара на навојот на осовината за острење. За
додатоците кои се монтираат со прирабници, дупката на оската на додатокот мора да одговара на
соодветниот дијаметар на прирабникот. Додатоците кои не се соодветни на деловите за монтирање на
електричниот алат ќе ја изгубат рамнотежата, прекумерно ќе вибрираат и може да предизвикаат губење на
контролата
• Немојте да користите оштетен додаток. Пред секоја употреба, проверете ги додатоците како што се на
пр. абразивните тркала дали имаат дупки или пукнатини, потпорните подлоги дали имаат пукнатини,
дали се скинати или прекумерно користени и жиците за четкање дали се лабави или скинати. Доколку
го испуштите електричниот алат или додатокот, проверете дали имаат оштетувања или монтирајте
неоштетен додаток. По проверката и монтирањето на додатокот, поставете се вие и останатите
подалеку од рамнината на ротирачкиот додаток и активирајте го електричниот алат на максималната
брзина без оптоварување во траење од една минута Оштетените додатоци обично ќе се распаднат за
време на овој пробен период
• Носете опрема за лична заштита. Во зависност од примената, користете заштита за лицето или
заштитни очила. Во зависност од потребата, носете маска за прав, заштитници за ушите, ракавици и
работна наметка која може да ги запре малите абразивни парчиња или парчињата од материјалот
на којшто се работи. Штитникот за очи мора да може да ги запре летечките отпадоци кои се создаваат како
резултат на разни дејства Маската за прав или респираторот мора да може да ги филтрира честичките кои
се генерираат од вашето дејство Подолгата изложеност на бучава со голем интензитет може да предизвика
губење на слухот
• Држете ги останатите лица на безбедно растојание од просторот за работа. Сите лица што влегуваат
во работниот простор мора да носат опрема за лична заштита. Парчињата од материјалот на којшто се
работи или од скршениот додаток може да одлетаат и да предизвикаат повреда надвор од непосредната
област за работа
• Поставете го кабелот надвор од дофатот на вртечкиот додаток. Доколку загубите контрола, кабелот може
да се засече или да се превитка, а вашата дланка или рака може да се вовлече во вртечкиот додаток
• Никогаш немојте да го оставате електричниот алат сè додека додатокот не запре целосно. Вртечкиот
додаток може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола
• Не го активирајте електричниот алат додека го носите странично. Ненамерниот контакт со вртечкиот
додаток може да ја вовлече вашата облека, носејќи го додатокот кон вашето тело
• Редовно чистете ги отворите за проветрување на електричниот алат. Вентилаторот на моторот ќе ја
вовлече правта во куќиштето, а прекумерното насобирање на метален прав може да предизвика опасности по
електричните делови
• Немојте да ракувате со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите може да ги
запалат овие материјали
• Немојте да користите додатоци за кои се потребни течни разладувачи. Користењето на вода или на други
течни разладувачи може да доведе до електричен удар
НАПОМЕНА: Горенаведеното предупредување не важи за електричните алати што не биле специфично
дизајнирани да се користат со систем за течности
Дополнителни безбедносни упатства за сите операции
Повратен удар и слични предупредувања
Повратен удар претставува брза реакција на приклештено или закачено ротирачко тркало, потпорна подлога,
четка или кој било друг додаток Приклештувањето или закачувањето предизвикува моментален застој на
ротирачкиот додаток, кој пак предизвикува неконтролираниот електричен алат да оди во спротивна насока од
ротацијата на додатокот во моментот на контакт
На пример, доколку абразивното тркало се закачи или се приклешти на материјалот на којшто се работи, работ
на тркалото кое влегува во набивањето може да навлезе во површината на материјалот, што ќе предизвика
тркалото да излезе или да се отпадне Тркалото може да скокне кон или спротивно од операторот, во зависност
од насоката на движењето на дискот во моментот на приклештување Исто така, абразивните тркала може да се
скршат во следните услови
152
Mirka® AROP-B 312NV & ARP-B 300NV • 77 mm (3") • 10.8 V