Повратниот удар се јавува како резултат на погрешно користење на електричниот алат и/или неточни
процедури или услови за ракување и може да се избегне доколку се преземат соодветни мерки на
претпазливост какви што се опишани подолу
• Држете го електричниот алат цврсто и поставете го телото и раката на начин на којшто е можете да ` и
одолеете на силата на повратниот удар. Доколку е испорачана, секогаш користете ја помошната рачка
за максимална контрола врз повратниот удар или реакцијата на вртежниот момент при стартувањето.
Операторот може да ги контролира реакциите на вртежниот момент или повратните сили доколку се преземат
соодветни мерки на претпазливост
• Немојте да ја поставувате дланката во близина на вртечкиот додаток. Додатокот може да изврши
повратен удар врз вашата дланка
• Немојте да го поставувате вашето тело во област каде што електричниот алат би се поместил во случај
на повратен удар. Повратниот удар ќе го придвижи алатот во спротивна насока од движењето на тркалото во
моментот на закачување
• Бидете особено внимателно кога работите на агли, остри рабови итн. Избегнувајте отскокнување
и закачување на додатокот. Аглите, острите рабови и отскокнувањата имаат тенденција да го закачат
ротирачкиот додаток и да предизвикаат губење на контролата или повратен удар
• Немојте да прикачувате сечило за сечење дрва од моторна пила, ниту пак запчесто сечило од пила.
Таквите сечила често создаваат повратни удари и губење на контролата
Дополнителни безбедносни упатства за операции со
полирање
Специфични безбедносни предупредувања за операции со полирање
• Немојте да дозволите кој било лабав дел од обвивката за полирање или прикачените жици да се вртат
слободно. Повлечете ги или скратете ги разлабавените прикачени жици. Разлабавените и вртечките
прикачени жици може да се заплеткаат во вашите прсти или да се заглават во материјалот на којшто се работи
Дополнителни безбедносни предупредувања
• Прочитајте ги сите упатства пред да го користите овој алат Сите оператори мора да поминат целосна обука за
правилна и безбедна употреба на овој алат
• Сето одржување мора да го извршуваат обучени лица Ако е потребно сервисирање, обратете се до
овластениот сервисен центар на компанијата Mirka
• Ако алатот почне да работи неисправно, веднаш престанете со користењето и договорете сервисирање и
поправка
Дополнителни информации за батеријата и полначот
• Никогаш не обидувајте се да ја отворите батеријата од ниту една причина Ако пластичното куќиште на
батеријата се скрши или пукне, веднаш прекинете со користење и не користете го за полнење
Mirka® AROP-B 312NV & ARP-B 300NV • 77 mm (3") • 10.8 V
mk
153