ВАЖНО Извадете го безбедносниот клуч
секогаш кога не ја користите машината
или ја оставате без надзор.
РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
7.1
Безбедносните одредби што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
Пред да почнете со проверките, чистење
или одржување/прилагодување на косилката:
• Запрете ја машината;
• Извадете го безбедносниот клуч, (никогаш
не го оставајте клучот во клучалката, или
на дофат на деца, или неовластени лица);
• проверете дали сите делови што се
движат се целосно застанати;
• оставете го моторот да се олади пред да ја
складирате машината во затворен простор;
• прочитајте го соодветното упатство;
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
• Видовите на интервенции и нивното повторување
се наведени во "Табела за одржување".
Табелата го прикажува опсегот што ќе ви
помогне при одржување на ефикасноста и
безбедноста на машината. Во неа се прикажани
главните интервенции и предвидените
интервали за секоја од ставките. Извршете
ја постапката во предвидениот период.
• Употребата на резервни делови и дополнителна
опрема коишто не се оригинални или не се
правилно поставени, може да доведе до
несакани ефекти врз работата и безбедноста
на машината. Производителот ја отфрла сета
одговорност во случај на штети, инциденти или
повреди предизвикани од такви производи.
• Оригиналните резервни делови се
обезбедени од страна на Овластените
центри за помош и Дилерите.
ВАЖНО Сите работи за одржување и
подесување коишто не се опишани во ова
упатство треба да се извршат кај дилерот
или во овластениот сервисен центар.
АКУМУЛАТОР
7.2
Автономија на батеријата
7.2.1
Автономијата на батеријата (што значи
обработена површина тревник пред повторно
полнење) вообичаено е условена со:
a. Факторите на средината на работа
коишто предизвикуваат најголема
потрошувачка на акумулаторот:
– Косење на густа, висока или влажна трева;
b. Количината на косење; Посложените
поставки вклучуваат и поголема
потрошувачка на електрична енергија;
c. однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во текот на работата,
– Премногу ниска поставеност на висината
на косење во однос на тревата;
– Премногу голема брзина на движење
за тревата што треба да се искоси.
ЗАБЕЛЕШКА За време на работата,
акумулаторот е заштитен од целосно празнење
со помош на заштитен уред што се исклучува
кога машината прекинува да работи.
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
• Да се коси тревата кога тревникот е сув;
• Да се коси тревата често за да не
достигне преголема висина;
• Да се постави најдобрата висина за косење
кога тревата е многу висока и да се спроведе
уште едно косење на нископоставена висина;
• Не ја користете машината во режим на
„мулчирање" за косење на многу висока трева.
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
• да набавите втора стандардна батерија за да
ја замените веднаш потрошената батерија
без да треба да ја прекинувате работата,
• да набавите батерија со поголема автономија во
однос на стандардната батерија (пас. 15.2).
Исклучување и полнење на батеријата
7.2.2
Отворете го капакот на делот на акумулаторот
1.
и извадете го безбедносниот клуч;
притиснете ги копчињата на акумулаторот
2.
(сл. 18.A) и извадете го (сл. 18.B);
вметнете го акумулаторот (сл.19.A) во
3.
куќиштето на полначот (сл.19.B);
поврзете го полначот за акумулатор
4.
во штекер со соодветен напон како
оној што е посочен на етикетата.
секогаш полнете докрај следејќи ги
5.
упатствата дадени во упатството за
акумулаторот/полначот за акумулатор.
MK - 9