OBJ_BUCH-1046-005.book Page 132 Wednesday, June 29, 2016 1:37 PM
132 | Македонски
Доколку се слаби батериите, се слуша еднократен
сигнален тон со времетраење од 5 с. Предупредувањето
за батеријата 2 трепка непрекинато црвено. Мерниот уред
може да се користи помалку од 2 ч.
Доколку при вклучувањето на мерниот уред батериите се
слаби, се слуша сигнален тон во времетраење од 5 с.
директно по вклучувањето на мерниот уред.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
При работата на мерниот уред во одредени
околности се слушаат гласни сигнални тонови. Затоа
држете го мерниот уред подалеку од ушите и други
лица. Гласниот тон може да го оштети слухот.
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете проверка на точноста (види
„Точност при нивелирање").
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„
on" (за работење без автоматиката за нивелирање)
или во позиција „
on" (за работење со автоматика за
нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
пушта ласерски линии од излезните отвори 1.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
За исклучување на мерниот уред притиснете на прекину-
вачот за вклучување/исклучување 7 во позиција „off".
При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
1 609 92A 27S | (29.6.16)
При пречекорување на највисоката дозволена работна
температура од 40 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се
вклучи.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Доколку околу 30 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита
на батериите.
За повторно да го вклучите мерниот уред по автоматското
исклучување, може или прво да притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„off" и потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или
еднаш да притиснете на копчето за режим на работа 5 или
копчето Импулсна функција 3.
За да ја деактивирате автоматиката на исклучување,
држете го притиснато (при вклучен мерен уред) копчето
за режим на работа 5 најмалку 3 с. Доколку автоматиката
за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко
трепкаат за потврда.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го и повторно вклучете го мерниот уред, или пак држете го
притиснато копчето за режим на работа 5 најмалку 3 с.
Деактивирање на сигналниот тон
По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш
активиран.
За деактивирање одн. активирање на сигналниот тон
притиснете истовремено на копчето за режим на работа 5
и копчето импулсна функција 3 и држете го притиснато
најмалку 3 с.
При активирањето и при деактивирањето се слушаат три
кратки сигнални тонови за потврда.
Видови употреба
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените во било кое време:
– Емитира една хоризонтална ласерска рамнина,
– Емитира една вертикална ласерска рамнина,
– Емитира две вертикални ласерски рамнини,
– Емитира една хоризонтална ласерска рамнина, како и
две вертикални ласерски рамнини.
По вклучувањето, мерниот уред емитира хоризонтала
ласерска рамнина. За да го смените начинот на работа,
притиснете на копчето за начин на работа 5.
Сите начини на работа може да се изберат со или без
автоматика за нивелирање.
Импулсна функција
За работење со ласерски приемник 17 мора –, независно
од избраниот начин на работа –, да биде активирана
импулсната функција.
При активирана импулсна функција, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник 17.
Bosch Power Tools