274 | Македонски
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански
батерии.
Завртете го евентуално магнетскиот ротационен држач (3) настрана така што
капакот на преградата за батерии (6) слободно ќе легне.
За да го отворите капакот од преградата за батерии (6) притиснете на механизмот за
заклучување (5) нагоре и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги
батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од
преградата за батерии.
Поставете го капакот на преградата за батерии (6) повторно и цврсто притиснете го
на означеното место над механизмот за заклучување (5).
Ако батериите ослабуваат, светлоста на ласерските точки полека се намалува.
Доколку батериите се скоро испразнети, тогаш ласерските точки трепкаат 5× во
минута.
Доколку батериите се празни, ласерските точки трепкаат уште еднаш, пред да се
исклучи мерниот уред.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден
производител и со ист капацитет.
Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите.
u
При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
u
зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
u
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со
работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред", Страница 276).
1 609 92A 5MH | (22.10.2020)
Bosch Power Tools