Ставање Во Употреба На Далечинскиот Управувач; Ставање Во Употреба На Ротациониот Ласер; Поставување На Мерниот Уред; Користење На Мерниот Уред - Bosch GRL 600 CHV Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 53
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 517).
Ставање во употреба на далечинскиот
управувач
Сè додека има доволно напон во батериите,
далечинскиот управувач е подготвен за работа.
По притискање на едно од копчињата на далечинскиот
управувач, светлата на приказот за пренос на сигнал (33)
покажуваат дека е испратен сигнал.
Приказите на далечинскиот управувач светат само кога
се прави поставка со далечинскиот управувач.
Вклучувањето/исклучувањето на мерниот уред не е
можно со далечинскиот управувач.
Ставање во употреба на ротациониот ласер
Поставување на мерниот уред
Хоризонтална положба
Вертикална положба
Поставете го мерниот уред на стабилна подлога во
хоризонтална и вертикална положба, монтирајте го на
стативот (44) или на ѕидниот држач (45) со единицата за
израмнување.
Поради големата точност на нивелирање, мерниот уред
реагира многу осетливо на потреси и промени на
положбата. Осигурајте стабилна позиција на мерниот
уред, за да се избегнат прекини на работата поради
дополнително нивелирање.
Користење на мерниот уред
Главните функции на мерниот уред можат да се
контролираат преку копчињата на мерниот уред или
преку далечинскиот управувач (41). Дополнителни
функции се достапни преку далечинскиот
управувач (41), на ласерскиот приемник (42) или преку
Bosch Levelling Remote App (види „Преглед на можности
за контролирање на функциите", Страница 523).
За приказот на екранот (15) на мерниот уред важи:
– Со првото притиснување на функционално копче (на
пр. копче за линиски режим (5)) ќе се прикажат
моменталните поставки на функцијата. Со следното
притиснување на функционалното копче поставките
ќе се променат.
– Во долното поле на екранот во различни менија се
прикажуваат Softkey-ознаки (i). Со соодветните,
Bosch Power Tools
функционални копчиња (Softkeys) поставени на
екранот може да се извршуваат функции претставени
со ознаки (i) (види слика B). Ознаките ги прикажуваат
функционалните копчиња кои може да се користат, во
зависност од соодветното мени (на пр. во менито за
ротационен режим копчето за ротационен режим (6))
или дополнителни функции како понатаму (
(
) или потврдување ( ).
– Со Softkey-ознаките (i) исто така се препознава, дали
копчињата копче за косина надолу/копче за вртење во
правец на стрелките на часовникот (3) како и копче за
косина нагоре/копче за вртење во правец спротивен
на стрелките на часовникот (4) во актуелното мени
служат за накосување нагоре (▼) или надолу (▲) или
за вртење во правец на стрелките на часовникот ( )
одн. во правец спротивен на стрелките на часовникот
( ).
– Менито за функции или пораките за статус може да се
напуштат во секое време со кратко притиснување на
копчето за вклучување/исклучување (11). Затоа
последната поставка на менито за функции се
зачувува.
– 5 s по последното притискање на копчето, приказот
автоматски се враќа на почетниот екран.
– Со секое притискање на копчето одн. секој сигнал,
што стигнува до мерниот уред, на екранот свети (15).
Светлото се гаси по околу 1 min по последното
притискање на копчето.
Косината одн. вртењето во различни функции може да се
забрза, кога соодветните копчиња за косина или вртење
на мерниот уред одн. на далечинскиот управувач се
подолго притиснати.
При исклучување на мерниот уред сите функции се
ресетираат на стандардни поставки.
Вклучување/исклучување
Напомена: Направете проверка за точноста секогаш по
првата употреба како и пред да секое почнување со
работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред",
Страница 517).
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување (11). За неколку секунди ќе
се појави секвенца за стартување, а потоа почетниот
екран. Мерниот уред пушта варијабилен ласерски
зрак (8) како и точката на вертикалата нагоре (10) од
излезните отвори (9).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Нивелирањето започнува автоматски и се
прикажува со ознака за нивелирање на
екранот, ласерските зраци и приказот за
статус кој трепка (12) (види „Автоматика
за нивелирање", Страница 515).
Македонски | 511
), назад
1 609 92A 55C | (05.11.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl rc 6 professional

Table des Matières