Автоматика За Нивелирање - Bosch GLL 3-80 P Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GLL 3-80 P Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
OBJ_BUCH-1046-005.book Page 133 Wednesday, June 29, 2016 1:37 PM
За да ја вклучите импулсна функција, притиснете го
копчето 3. При вклучена импулсна функција приказот
свети 4 зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е нама-
лена доколку е вклучена импулсната функција. За рабо-
тење без ласерски приемник, исклучете ја импулсната
функција со одново притискање на копчето 3. Кога е
исклучена импулсната функција, се гаси приказот 4.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога и прицврстете го на држачот 19 или стативот 22.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
on".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±4°. Нивели-
рањето е завршено штом ласерските линии не се движат
повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4°
од хоризонталата, ласерските линии трепкаат во брз такт.
При активиран сигнален тон, за макс. 30 с. се огласува
сигнален тон во брз такт. Во период од 10 с. по вклучу-
вањето овој аларм се деактивира, за да овозможи
подесување на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во
рамки на полето за самонивелирање од ±4°, ласерските
зраци непрекинато светат и сигналниот тон ќе се исклучи.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира автома-
тски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата
на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во
однос на референтните точки за да се избегнат грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во
позиција „
on". При исклучена автоматика за нивели-
рање, приказот 6 свети црвено и ласерските линии
трепкаат 30 с. во бавен такт.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Ласерските линии не мора да се
вертикално една кон друга.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 м. Доколку е
Bosch Power Tools
возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како напр.
падови или јаки потреси). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на нивелирањето на
хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на
нивелирањето на вертикалната ласерски линии.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на попречната оска
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 м на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред во режим со автоматика за
нивелирање. Изберете го режимот на работа, каде се
емитираат една хоризонтална ласерска рамнина, како
и вертикална ласерска рамнина фронтално пред
мерниот уред.
A
5 m
– Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на
ѕидот (точка I).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка II).
Македонски | 133
B
B
1 609 92A 27S | (29.6.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 601 k63 300

Table des Matières