Ставање Во Употреба - Bosch GPL 5 C Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-847-002.book Page 138 Friday, May 16, 2014 7:10 AM
138 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
 При работата на мерниот уред во одредени
околности се слушаат гласни сигнални тонови. Затоа
држете го мерниот уред подалеку од ушите и други
лица. Гласниот тон може да го оштети слухот.
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред, може
да се наруши прецизноста. По тежок удар или
превртување, проверете ги ласерските линии односно
ласерските зраци со хоризонтална или вертикална
референтна линија одн. со контролните точки на
вертикалата.
 Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 во позиција
on". Веднаш по вклучувањето, мерниот уред испушта
ласерски зраци од излезните отвори 1.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 во позиција
„off". При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
При пречекорување на највисоката дозволена работна
температура од 40 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Доколку околу 30 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита
на батериите.
За да го вклучите мерниот уред веднаш по автоматското
исклучување, можете или најпрво да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 во позиција
„off" и потоа да го вклучите мерниот уред, или еднаш да
притиснете на копчето за режими на работа 2.
За да ја деактивирате автоматиката на исклучување,
држете го притиснато (при вклучен мерен уред) копчето
за режим на работа 2 најмалку 3 с. Доколку автоматиката
1 609 92A 0KY | (16.5.14)
за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко
трепкаат за потврда.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го мерниот уред и повторно вклучете го.
Деактивирање на сигналниот тон
По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш
активиран.
За да го деактивирате сигналниот тон, исклучете го
мерниот уред. Држете го притиснато копчето за режим на
работа 2 најмалку 1 с., и истовремено вклучете го мерниот
уред. За потврда на деактивирањето на сигналниот тон се
огласуваат три кратки сигнални тонови.
За активирање на сигналниот тон исклучете го мерниот
уред и без притискање на копчето за режим на работа 2
повторно вклучете го.
Видови употреба
Мерниот уред има три начини на работа, кои може да ги
промените било кога:
– Вертикални крстови и ласерски точки: Мерниот уред
емитира по две вкрстени ласерски линии нагоре и
надолу како и три хоризонтални точкасти зраци.
– Ласерски точки: Мерниот уред емитира три
хоризонтални точкасти зраци.
– Ласерски крстови и предна точка: Мерниот уред
емитира по две вкрстени ласерски линии нагоре и
надолу како и еден хоризонтален ласерски зрак
нанапред.
Точкастите зраци поминуваат еден кон друг под агол од
90°, а ласерските линии исто така се вкрстуваат под агол
од 90°. Точкастите зраци и ласерските линии поминуваат
вертикално едни кон други.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим на
работа „Ласерски крстови и ласерски точки". За да го
смените начинот на работа, притиснете на копчето за
режим на работа 2.
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога и прицврстете го на држачот 13 или стативот 17.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање
автоматски ги израмнува нерамнините во полето на
самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом
ласерските точки одн. линии не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи површината на која е поставен мерниот уред
отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерските
линии почнуваат да трепкаат. При активиран сигнален тон,
за максимум 30 с. се огласува сигнален тон во брз такт. Во
период од 10 с. по вклучувањето, овој аларм е
деактивиран, за да се овозможи подесување на мерниот
уред.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières