- кога дрвото ќе започне да паѓа, извадете ја пилата
од засекот, исклучете го моторот, спуштете ја
пилата и потоа повлечете се по испланираната
патека (внимавајте на гранките што ќе паѓаат
наоколу и внимавајте каде газите)
•
Кастрење дрво a
Кастрењето е отстранување гранки од паднато дрво
- при кастрењето, оставете ги поголемите гранки
одоздола како потпора на трупецот врз земјата
- тргнете ги малите гранки со еден засек како што е
прикажано на сликата
- затегнатите гранки треба да се сечат одоздола
нагоре за да се избегне заплеткување на пилата
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
•
Овој алат не е наменет за професионална употреба
•
Алатот секогаш да се одржува чист (особено
отворите за ладење W 2 )
! отстранете ја батеријата од алатот пред
чистење
- исчистете го извалканото пластично куќиште на
пилата со мека четка и чиста крпа (не користете
вода, растворувачи и политура)
- извадете и исчеткајте ги плочата на капакот,
синџирот и лостот по 1 до 3 часа работа
- исчистете ја областа под капакот, запченикот на
погонот и лостот со мека четка и чиста крпа
- исчистете го испустот за масло со чиста крпа
•
Редовно проверувајте дали има очигледни дефекти
како разлабавени, изместени или оштетени синџир
и лост, разлабавени стеги и изабени или оштетени
делови
•
Спроведете ги неопходните постапки за одржување
и поправка пред да работите со пилата
•
Правилната работа на автоматскиот подмачкувач
може да се провери ако ја вклучите пилата и го
насочите врвот на лостот кон парче картон или
хартија на земјата
! не допирајте ја земјата со синџирот
(обезбедете безбедно растојание од 20 цм)
- ако има растечка дамка со масло, автоматскиот
подмачкувач работи правилно
- ако нема дамка со масло и покрај тоа што
резервоарот полн, погледнете во "РЕШАВАЊЕ
ПРОБЛЕМИ" или контактирајте со застапникот
•
Никогаш немојте сами да го острите ланецот на
пилата. Заменете го ланецот на пилата или однесете
го на професионално острење во сервисна станица
на SKIL.
•
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
! пред враќање, резервоарот со масло мора да
се испразни целосно
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
•
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
•
Чување s
- ако пилата се одложува на подолг период,
исчистете ги синџирот и лостот
- пред одложување на алатот, резервоарот со масло
мора да се испразни целосно
- ставете ја заштитата за синџирот X кога го
одложувате алатот
- внимателно поставете ја шината за складирање
Y на ѕид со 2 шрафа (не се доставуваат) и
порамнете хоризонтално
- чувајте ја машината во затворен простор на суво
и затворено место и подалеку од дофат на деца
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
•
Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот
ако истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! во случај на електричен или механички дефект,
веднаш исклучете го алатот и извадете ја
батеријата
Машината не работи
- се активира сопирачката при повратен удар
-> повлечете ја рачната заштита S 2 назад во
позиција
- празна батерија -> наполнете ја батеријата
- топла батерија -> оставете ја батеријата да се
излади
- внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
Машината работи со прекини
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
- оштетување на прекинувачот за вклучување/
исклучување -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
Сув синџир
- нема масло во резервоарот -> дополнете масло
- отворот за вентилација кај капачето на
резервоарот за масло е затнат -> исчистете го
капачето
- патеката на маслото е затната -> исчистете го
испустот за поминување на маслото
Сопирачката не го застанува синџирот
- оштетување на сопирачката за повратен удар/
сопирачката за движење на синџирот ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
Синџирот/ лостот се прегреваат
- нема масло во резервоарот -> дополнете масло
- отворот за вентилација кај капачето на
резервоарот за масло е затнат -> исчистете го
капачето
- патеката на маслото е затната -> исчистете го
испустот за поминување на маслото
- синџирот е премногу затегнат -> прилагодете ја
затегнатоста на синџирот
- тап синџир -> наострете го синџирот или заменете
го
Машината вибрира невообичаено
- синџирот е премногу разлабавен -> прилагодете ја
затегнатоста на синџирот
207