Télécharger Imprimer la page

Skil 0534 Notice Originale page 206

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
обид да достигнете области што се високо или на
скалило i d
- сечењето е оптимално кога брзината на синџирот е
непроменлива во текот на сечењето
! внимавајте кога ќе дојдете до крајот на
сечењето; тежината на пилата може да се
смени неочекувано кога ќе се ослободи од
дрвото (може да дојде до повреда на нозете
или стапалата)
! секогаш вадете ја пилата од дрвото додека таа
работи
Сечење трупци
- потпрете ги трупците така што составните страни
на пресекот нема да се склопат една кон друга;
тоа доведува до заглавување или закачување на
синџирот
- поставете кратки трупци пред пилењето
- кога сечете, секогаш обрнувајте внимание да
не удирате во камења, клинци и слично бидејќи
тие може да се отфрлат или да предизвикаат
оштетување на синџирот или сериозна повреда на
операторот и луѓето во близина
! одржувајте го синџирот во движење подалеку
од жичена ограда или од земјата
- сечењата по должина мора да се извршуваат
внимателно бидејќи порамнувањето со запците за
зафаќање V 2 не е можно; сечете под рамен агол
за да избегнете повратен удар
- постои голем ризик од несреќи кога сечете дрво,
гранка или дрвја коишто се затегнати; обрнете
исклучително внимание (оставете ги овие работи
на професионалци)
Делкање на трупец (сечење трупец по должина)
- кога е можно, трупецот треба да биде исправен и
потпрен со гранки, други трупци или клинови
- важно е да обезбедите цврсто стојалиште и
рамномерно да ја распоредите тежината на двете
нозе
- кога трупецот ќе биде потпрен по целата должина
како што е прикажано на сликата, тој се сече
одгоре (делкање одгоре) o a
- кога трупецот е потпрен од едната страна како што
е прикажано на сликата, исечете 1/3 во дијаметар
одоздола (долно делкање) и потоа направете го
завршното сечење со тоа што ќе дојдете до првото
засекување o б
- кога трупецот е потпрен од двете страни како што
е прикажано на сликата, исечете 1/3 во дијаметар
одозгора (горно делкање) и потоа направете го
завршното сечење на останатите 2/3 со тоа што ќе
дојдете до првото засекување o в
- кога делкањето е на закосен терен, секогаш стојте
на повисоката страна на трупецот
- кога "пресекувате", за да одржите целосна
контрола, отпуштете го притисокот за сечење
при крајот на пресекувањето без да го олабавите
зафатот на држачите на пилата
! не дозволувајте синџирот да ја допре земјата
- по завршување на пресекот, почекајте синџирот на
пилата да застане пред да ја поместите пилата
- секогаш исклучувајте го моторот пред да се
движите од дрво до дрво
Соборување дрва p
! моторната пила може да се користи само за
соборување дрва чијшто дијаметар е помал од
должината на лостот
! обезбедете ја работната средина; обезбедете
да нема луѓе во близината на дрвото кога ќе
паѓа
! никогаш не обидувајте се да ја ослободите
заглавената пила додека работи моторот;
користете дрвени клинови за да ги ослободите
синџирот и лостот
! секогаш носете цврст шлем за да ја заштитите
главата од гранките што паѓаат
ПРЕД СОБОРУВАЊЕ:
- кога сечењето и соборувањето дрва го извршуваат
две или повеќе лица истовремено, соборувањето
треба да се раздвои од сечењето на растојание
коешто е најмалку двапати поголемо од висината
на дрвото што ќе се собори
- дрвата не смее да се соборуваат ако може да
ги загрозат луѓето, да удрат во објект или да
предизвикаат материјална штета (ако дрвото удри
во производствена линија, компанијата треба
веднаш да се извести)
- операторот со моторна пила треба да стои на
повисоката страна на теренот бидејќи дрвото ќе се
отркала или лизне надолу откако ќе се собори
- неопходно е да се испланира и расчисти патека за
излез пред да започне сечењето (патеката за излез
треба да се протега одзади и дијагонално зад
очекуваната линија на соборување) p a
- пред да започне соборувањето, проценете ги
природната закосеност на дрвото, локацијата на
поголемите гранки и правецот на ветерот за да
процените на која страна ќе падне дрвото
- тргнете ги нечистотиите, корите од дрвјата,
клинците, спојувалки и жици од дрвото
ПОСТАПКА НА СОБОРУВАЊЕ:
- направете жлеб (1 – 2) до 1/3 од дијаметарот на
дрвото, вертикално во правецот на паѓањето како
што е прикажано p б
- прво направете го долниот хоризонтален жлеб
(така ќе помогнете да се избегне зафаќање на
синџирот или на лостот кога ќе се прави вториот
засек)
- направете го засекот за соборување (3) барем
50 мм повисоко од хоризонталниот засек
(одржете го засекот за соборување паралелен со
хоризонталниот засек) p b
- направете го засекот за соборување така што ќе
остане доволно дрво што ќе послужи како стожер
(стожерот го одвраќа дрвото од вртење и паѓање
во погрешен правец. Не пресекувајте го стожерот)
- кога соборувањето ќе дојде близу до стожерот,
дрвото треба да почне да паѓа
- ако постои каква било можност дрвото да не падне
во саканата насока или ако се поврати наназад и
го заврзе синџирот, престанете со сечење пред да
го завршите засекот за соборување и употребете
дрвени, пластични или алуминиумски клинови за
да го отворите засекот и да го соборите дрвото во
саканата линија на паѓање p в
206

Publicité

loading