• Извадете го безбедносниот клуч, (никогаш
не го оставајте клучот во клучалката, или на
дофат на деца, или неовластени лица).
• Проверете дали сите подвижни
делови се целосно запрени.
• Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
• Прочитајте ги соодветните упатства.
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
8.1
УРЕД СО СЕЧИВОТО
Несоодветно наострено сечило ја кине тревата
и предизвикува пожолтување на тревникот.
Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте
го извадиле клучот и ако уредот со сечивото не е
застанат докрај.
Сите активности околу сечилото
(расклопување, острење, балансирање, поправка,
повторно монтирање и/или замена) се сложени
работи, и за нив се потребни посебни вештини,
и соодветни алати; Од безбедносни причини,
овие работи треба да се извршат од страна на
Овластениот сервисен центар.
Заменете ги сечилата ако се оштетени,
искривени или изабени, заедно со соодветните
шрафови.
ВАЖНО Секогаш користете оригинални
уреди со сечива, дадени со код во
табелата „Технички податоци".
Заради развојот на производот, уредите со
сечивото наведени во табелата „Технички
податоци" треба со време да се заменат
со други со соодветни карактеристики за
замена и функционална безбедност.
9.
СКЛАДИРАЊЕ
9.1
ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1. Оставете го моторот да се олади.
2.
Извадете го безбедносниот клуч.
3.
Исчистете ја косилката (пас. 7.3).
4.
Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки или
контактирајте го овластениот сервисен центар.
5.
Складирајте ја машината:
• Во сува просторија (Сл.27).
• Засолнета од лоши временски услови.
• По можност покриена со прекривка.
• На место надвор од дофатот на децата.
• Проверете дали сте ги тргнале клучевите и
опремата што ја користевте при одржувањето.
9.2
ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина без директна
сончева светлина, на студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако нема да ја користите подолг
период, полнете ја батеријата секои два месеца
за да ѝ се продолжи рокот на употреба.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината:
– Застанете ја машината (пас. 6.5).
– Извадете го безбедносниот клуч.
– Проверете дали сите подвижни
делови се целосно запрени.
– Носете заштитни ракавици.
– Фатете ја машината на места кои нудат
сигурен зафат, имајќи ја предвид нејзината
тежина и распределба на истата.
– Ангажирајте соодветен број луѓе во согласност
со тежината на машината и карактеристиките
на средството за транспорт или за местото
на кое треба да се донесе или земе истата.
– Проверете дали кога работи машината,
нема знаци на оштетувања или дефекти.
Кога ја носите машината со возило
или на приколка, секогаш:
– Користете пречки за отпор со
соодветна должина и ширина.
– Носете ја машината со изгаснат
мотор без можност да се вклучи,
ангажирајќи соодветен број лица.
– Спуштете го склопот на сечилото.
– Поставете ја на начин да не
претставува опасност за никого.
– Цврсто блокирајте ја во текот на
транспортот со јажиња или синџири
за да избегнете превртување.
11. ПОМОШ И ПОПРАВКИ
Ова упатство ги претставува сите неопходни
индикации за управување со машината и за
правилно одржување што ги извршува корисникот.
Сите интервенции и одржувања на косилката што
не се дадени во ова упатство треба да се извршат
од страна на Дилерот или Овластениот сервисен
центар, бидејќи имаат големо познавање и ракуваат
со потребната опрема за правилно извршување
на работата, земајќи го предвид соодветниот
степен на безбедност и состојбата на косилката.
Сите операции што се изведени на
несоодветен начин и од неквалификувани лица
придонесуваат да се прекине важноста на
гаранција и обврските на Производителот.
• Одржувањата и поправките под гаранција смее
да ги врши само Овластениот сервисен центар.
• Овластените сервисни центри користат само
оригинални резервни делови. Оригиналните
резервни делови и дополнителна опрема се
специјално дизајнирани за машината.
• Резервните делови и дополнителната опрема
коишто не се одобрени; употребата на резервни
делови и дополнителна опрема коишто не се
оригинални ја нарушуваат безбедноста на
машината и го ослободуваат Производителот
од секоја обврска или одговорност.
12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Условите во гаранцијата се наменети
исклучиво за потрошувачи, односно
оператори, а не професионалци.
Гаранцијата ги покрива сите дефекти на квалитетот
на материјалите и на изработката коишто настанале
MK - 10