Користење на производот
6.2 Оддел за дезинфекција
*Оваа карактеристика е по избор
1. Функцијата за UVC дезинфекција нема да
се активира ако од одделот за дезинфекција
се извадени жичената решетка и лимената
фиока.
2. Ако се активира функцијата за
дезинфекција додека од одделот за
дезинфекција е извадена лимената фиока, ќе
дојде до деформации на пластичната фиока
одоздола.
3. Не се обидувајте сосила да го извадите
стаклото над одделот за дезинфекција.
UV-C
4. Не ги допирајте, не ги потчукнувајте и не
применувајте сила врз UVC флуоресцентните
сијалици што се на долната површина
на стаклената полица во одделот за
дезинфекција.
UV-C
5. Од безбедносни причини, не се обидувајте
да ја извадите стаклената полица од одделот
за дезинфекција. Ако се извади полицата,
може да дојде до прекин на работата на
електричните компоненти.
6. Светлото што го гледате кога ќе го
отворите одделот за дезинфекција не е UVC
светлина. Тоа се LED сијаличките.
7. Металната фиока и лимената плоча под
подлогата бришете ги само со влажна крпа.
Фрижидер/Упатство за употреба
19/36МК