Безбедност и упатства за животната средина
• Колку повеќе агенс за разладување
содржи фрижидерот, толку поголем
треба да биде просторот во кој е
инсталиран. Во многу мали соби, може
да се создаде мешавина на гас и на
воздух во случај да има истекување на
гас во системот за ладење. Волумен
од најмалу 1 m³ е потребен за секои
8 грама агенс за разладување.
Количината на агенсот за разладување
достапен во вашиот производ е
надведен во етикетата за видот.
• Местото на кое се инсталира
производот не треба да е изложено
на директна сончева светлина и не
треба да биде во близина на извор
на топлина, како што се шпорети,
радијатори итн.
Ако мора да се инсталира производот
во близина на извор на светлина,
користете соодветна плоча за изолација,
а минималното растојание од изворот
на топлина треба да биде како што е
наведено подолу.
- Најмалку на растојание од 30
сантиметри од извори на топлина како што
се шпорети, единици за затоплување и
загревање итн.
- Најмалку на растојание од 5
сантиметри од електрични шпорети.
• Вашиот производ има I класа на
заштита. Приклучете го производот во
заземјен штекер кој е во согласносст
со волтажата, електричната струја и
фреквенциите наведени во етикетата
за видот. Излезот на штекерот е
опремен со осигурувач со ранг од
10 А - 16 А. Нашата компанија не
одговара за штетите кои настануваат
поради ракување со производот без
обезбедување на заземјувањето и
електричните поврзувања направени
според локалните или националните
прописи.
Фрижидер/Упатство за употреба
• Електричниот кабел на производот
мора да е исклучен за време на
инсталирањето. Инаку, постои ризик од
струен удар и повреда!
• Не приклучувајте го производот
во разклатени, скршени, валкани,
измастени приклучници излезени од
своите места или приклучници кај кои
има ризик да дојдат во допир со вода.
• Ставете ги кабелот и цревата на
производот (ако се достапни) така
што нема да претставуваат ризик од
сопнување.
• Ако навлезе влага во деловите со струја
или во кабелот, може да дојде со краток
спој. Затоа, не користете го производот
во влажни средини или во области
каде што може да дојде до прскање на
вода (на пример гаража, просторија за
перење, итн.) Ако фрижидерот е мокар,
извадете го штекерот и контактирајте
овластен сервис.
• Не поврзувајте го фрижидерот со уреди
за заштеда на струја. Таквите системи
се штетни за производот.
1.6 Безбедност
при работењето
• Не користете хемиски растворувачи на
производот. Тие материјали можат да
претставуваат ризик од експлозија.
• Во случај да се расипе производот,
извадете го штекерот и не работете
со него додека не го поправи овластен
сервис. Може да дојде до струен удар!
• Не ставајте извор на пламен (на пример
свеќи, цигари итн.) на производот или во
негова близина.
• Не качувајте се на производот. Постои
ризик да паднете и да се повредите!
• Не ги оштетувајте ги цевките на
системот за разладување со остри и
пенетрирачки предмети. Агенсот за
разладување кој прска од дупнатите
цевки, спојките на цевки или од горниот
слој на површината може да ја иритира
кожата и да ги повреди очите.
5/36МК