Употреба На Машината; Воведни Операции - Stiga MP2 504 Série Manuel D'utilisation

Masquer les pouces Voir aussi pour MP2 504 Série:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 162
• Регулација на тип "II".
Регулацијата на висината на косење се изведува 
со помош на соодветната рачка (сл. 9.С) којашто ја 
подигнува или спушта шасијата на саканата висина.
УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
6.
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
ВАЖНО Погледнете го соодветното упатство во
однос на работата на моторот и батеријата (ако има).
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
6.1
Пред да започнете со работа, неопходно е да 
спроведете серија контроли и операции за 
да обезбедите дека работата ќе се одвива на 
ефикасен начин и со максимална безбедност.
Ставете ја тревокосачката хоризонтално 
и  стабилна на теренот.
Дополнување масло и гориво
6.1.1
ВАЖНО Машината се доставува без
масло во моторот и без гориво.
Пред да ја користите машината, проверете дали има 
гориво и проверете го нивото на маслото (пасус 7.2; 
пасус 7.3). За начинот и мерките за претпазливост 
при полнењетона горивото и дополнување масло, 
следете ги дадените мерки дадени кај (пасус 
7.2; пасус 7.3) и во упатството за моторот.
Подготовка на машината за работа
6.1.2
ЗАБЕЛЕШКА оваа машина дозволува косење на
тревникот на различни начини. Пред да започнете
со работа, потребно е да ја поставите машината
во правецот како што имате намера да косите.
a. Поставување за косење и собирање на
тревата во вреќата за собирање:
• Тип "I":
1. Вметнете ја вреќата за собирање како 
што е посочено на сликата (сл. 10.А). 
Поставете ги страничните крилца во 
водилките  во основата на рачката (сл. 
10.В) и свртете ја вреќата напред додека не 
слушнете звук на кликнување (сл. 10.С).
• Тип "II"
1. Подигнете ја заштитата за заден испуст 
(сл. 10.D) и прикачете ја правилно 
вреќата за собирање  како што е 
посочено на сликата (сл. 10.Е).
b. Подготовка за косење и заден
испуст на тревата врз земјата:
• Тип "I":
1. Извадете ја вреќата за собирање,
2. Подигнете ја заштитата на задниот испуст 
(сл. 11.А) и закачете го дефлекторот за 
задниот испуст (сл. 11.С) во предвидените 
отвори, проверувајќи ја притоа стабилноста.
3. Кај моделите со страничен испуст: 
проверете дали  заштитата со страничниот 
испуст (сл. 11.D) е спуштена.
За да го извадите дефлекторот од задниот испуст:
1. Подигнете ја заштитата на 
задниот испуст (сл. 11.А):
2. Подигнете го дефлекторот за задниот испуст 
закачувајќи го за отворите (сл. 11.С).
• Тип "II"
1. Извадете ја вреќата за собирање и 
проверете дали заштитата со задниот 
испуст (сл. 11.А) е стабилно спуштена.
c. Подготовка за косење и дробење на
тревата (функција "дробење" - mulching):
1. Подигнете ја заштитата на задниот испуст (сл. 
12.А) и вметнете го клинот на дефлекторот  
(сл. 12.В) во отворот за празнење.
2. Кај моделите со страничен испуст: 
проверете дали  заштитата со страничниот 
испуст (сл. 11.D) е спуштена.
За да го извадите граничникот на дефлекторот:
1. Подигнете ја заштитата на 
задниот испуст (сл. 12.А):
2. Извлечете го клинот на дефлекторот (сл. 12.В).
MK - 7

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Mp2 554 sérieMp2 504 roller sérieMp2 554 roller série

Table des Matières