OBJ_BUCH-816-001.book Page 322 Wednesday, October 30, 2013 2:06 PM
322 | Македонски
– За статичната IP-адреса внесете ги следниве поставки
во полињата:
IP-адреса: 10.10.10.5
Маска на подмрежата: 255.255.255.0
Во некои поединечни случаи може да биде потребно, да ја
рутирате базната станица.
– Отворете го прозорецот Промпт (знак за исчекување
на влез).
– Внесете ја наредбата
route add 10.10.10.10 10.10.10.5
и притиснете Enter.
– На вашиот PC отворете го веб-пребарувачот и внесете
ја следната адреса:
http://10.10.10.10
По кратко време, се отвора безбедносен сертификат, што
треба да го потврдите, за да ги имате на располагање
функциите на базната станица.
Java Applet ќе се вчита. Сега имате пристап до базната
станица EXAConnecT.
Базна станица и мрежа
– Отворете веб-пребарувач и во полето за адреса
внесете http://10.10.10.10.
▷ Софтверот ќе се вчита.
– Изберете го табулаторот EXAConnecT.
– Кликнете на копчето Setup.
▷ Ќе се прикаже прозорецот EXAConnecT Setup.
– Изберете го табулаторот TCP/IP Settings.
▷ Опцијата Get network parameters automatically
(DHCP) не е избрана.
– Во полето за внес, IP Address внесете слободна IP-
Adresse во полето за адреса.
Стандардната вредност 255.255.255.0, по правило, не
мора да се промени. По потреба, во полето за внес
Default Gateway внесете ја IP-адресата на капијата.
Напомена: Забележете ја статичната IP-адреса
наEXAConnecT или во именикот.
Доколку IP-адресата е непозната постои можност IP-
адресата 10.10.10.10 да се подеси со DIP-прекинувачот
16 (види „Приклучување", страна 320).
– Кликнете на копчето Apply.
▷ Ќе се прикаже прозорец со напомени за нов старт на
системот.
– Одново стартувајте го системот (види „Одново
стартување на системот (ресетирање)", страна 327).
Доколку активирате повеќеEXAConnecT заради
недвосмислена идентификација мора да доделите
различни статични IP-адреси или различни имиња.
– Изберете ја опцијата Get network parameters
automatically (DHCP).
– Во полето за внес внесете име на домаќин (стандардна
вредност: XXXXXXXXX).
– Одново стартувајте го системот (види „Одново
стартување на системот (ресетирање)", страна 327).
Сега може да ја отворите страната за конфигурација
EXAConnecT со внес на името на домаќинот во полето за
адресата на веб-пребарувачот.
3 609 929 C48 | (30.10.13)
Приклучок на I/O-модул
I/O-модулот овозможува 16 дополнителни дигитални
влезови и 16 дополнителни дигитални излези, што може
да се оценат одн.контролираат од базната станица.
Влезовите и излезите го користат истиот потенцијал за
заземјување и не се поединечно изолирани еден од друг.
На I/O-блокот има по два терминали за влез и излез со по
еден терминал за заземјување (GND). Сите терминали за
заземјување на сите терминални блокови имаат еднаков
потенцијал.
Напојување со енергија
24-V-напојување може да се врши од базната станица (24-
V излез на базната станица: терминален блок 18), при што
треба да се внимава, дека I/O-модулите се со истиот
потенцијал за заземјување како и базната станица.
Доколку треба да се разделат еден од друг, треба да се
предвиди и дополнителен надворешен елемент за
напојување на I/O-модулот. Единствената врска кон
базната станица е RS422-интерфејсот кој е изведен без
потенцијал во базната станица. На овој начин се задржува
разделувањето на потенцијалите за заземјување на
базната станица и I/O-модулот.
Со RS422-интерфејсот се дозволуваат долги кабелски
врски до 1000 м помеѓу базната станица и I/O-модулот. Од
20 м растојание до базната станица, I/O-модулот треба да
добие одделно напојување со струја.
RS422-врска кон базната станица (види слика E)
Приклучокот на I/O-модулот на базната станица се врши
преку RS422-интерфејс.
– Извадете го поклопецот за одржување 8 (види
„Приклучување", страна 320).
– Олабавете ја контра навртката 12 на средната кабелска
уводница 11 со вртење во правец спротивен на
стрелките од часовникот.
– Извлечете го крајот на мрежниот кабел со 5 жици без
приклучок 26 низ отворот на кабелската уводница 12
кон терминалниот блок 18.
RS422-интерфејсите треба да се поврзат согласно
следната табела.
EXAConnecT
I/O-модул
OY+
1IA+
OZ–
1IB–
IA+
1OY+
IB–
1OZ–
GND
GND
– Проверете дали е добро фиксиран кабелот. Потоа
повторно затегнете ја контра навртката 12 на
кабелската уводница 11 во правец на стрелките на
часовникот.
Bosch Power Tools