Télécharger Imprimer la page

Bosch GCO 230 Professional Notice Originale page 181

Publicité

Одредени честички на метал важат како опасни, особено
во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или
хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Брусната плоча за сечење може да се блокира поради
прав, струготини или скршени делови на делот што се
обработува во отворот на основната плоча (11).
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека брусната плоча за сечење целосно
не дојде во состојба на мирување.
– Навалете го електричниот алат наназад, за да можат
ситните делови на парчето што се обработува да
паднат надвор од отворот предвиден за тоа.
Ев. употребете соодветен алат, за да ги отстраните
сите делови од парчето што се обработува.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Позиција на корисникот (види слика F)
Не се поставувајте во линија со брусната плоча за
u
сечење пред електричниот алат, туку секогаш
бидете странично од брусната плоча за сечење. Со
тоа се штити Вашето тело од можни скршени делови
при кршење на брусна плоча за сечење.
Вклучување и исклучување
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување (1) и држете го
притиснат.
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (1).
Совети при работењето
Општи напомени за сечење со брусни плочи
Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по
u
работата, додека не се олади. Брусната плоча за
сечење за време на работата се вжештува.
Осигурете се, дека плехот за заштита од искри (17)
u
е прописно монтиран. При брусење на материјали
постои опасност од искрите што летаат.
Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и
маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за
сечење.
Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не
дојде во состојба на мирување.
Преголемиот притисок, значително го намалува
капацитетот на електричниот алат и го намалува рокот на
траење на брусната плоча за сечење.
Користете само брусни плочи за сечење соодветни на
материјалот што се обработува.
Bosch Power Tools
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка (во mm)
Форма на делот
хоризонтален агол на закосување
што се
обработува
129 Ø
120 x 120
100 x 200
137 x 137
Минимални делови за обработка
(= сите делови за обработка, кои може да се зацврстат со
лостот за фиксирање (7)): должина 80 mm
Максимална длабочина на резот (0°/0°): 129 mm
Сечење на метал
– По потреба, поставете го саканиот хоризонтален агол
на закосување.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(2).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
брусната плоча за сечење не дојде целосно во
состојба на мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Транспорт
– Секогаш носете го електричниот алат за транспортната
дршка (15).
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Македонски | 181
45°
128 Ø
110 x 110
107 x 115
115 x 115
1 609 92A 8VB | (07.11.2023)

Publicité

loading