отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
u
електричниот алат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
Пред првата употреба на електричниот алат проверете
дали се испорачани сите делови кои наведени долу:
– Брусилка за сечење со брусни плочи
– Диск за сечење
(не е расположливо во сите верзии во зависност од
земјата)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (14)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика A)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (10).
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
Доколку, во поединечни случаи, не е возможно
електричниот алат да се монтира цврсто на работна
површина, може да ги монтирате ногарките на основната
плоча (11) на соодветна подлога (на пр. работна клупа,
рамен под), без да го зацврстувате електричниот алат.
Bosch Power Tools
Замена на брусна плоча за сечење (види
слики B1 − B2)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Активирајте ја блокадата на вретеното (4) само
u
доколку вретеното на алатот е во состојба на
мирување (18). Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по
u
работата, додека не се олади. Брусната плоча за
сечење за време на работата се вжештува.
Користете само брусни плочи за сечење, кои одговараат
на наведените податоци во ова упатство за употреба или
се проверени според EN 12413 и се соодветно означени.
Со брусната плоча за сечење евентуално користете ги
испорачаните брусни плочи за сечење.
Неискористените брусни плочи за сечење ставете ги во
затворен сад или оригиналното пакување. Складирајте ја
брусната плоча за сечење во лежечка положба.
Демонтирање на брусната плоча за сечење
– Подесете го електричниот алат во работна позиција во
работна позиција (види „Отклучување на електричниот
алат (работна позиција)", Страница 180).
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (3) до крај
наназад и држете со една рака во оваа позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
со прирабница (20) со испорачаниот клуч со
внатрешна шестаголна глава (14) и истовремено
притиснете ја блокадата за вретеното (4), додека не се
вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното и
одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
со прирабница (20) во правец спротивен на стрелките
на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница (19).
– Извадете ја брусната плоча за сечење (5).
Монтирање на брусната плоча за сечење
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Новата брусна плоча за сечење ставете ја во вретеното
на алатот (18), така што налепницата ќе покажува
настрана од рачката на алатот.
– Поставете ги стезната прирабница (19) и завртката со
внатрешна шестаголна глава со прирабница (20).
Притиснете ја блокадата на вретеното (4) додека не се
вклопи и повторно затегнете ја завртката со
внатрешна шестаголна глава со прирабница во правец
на стрелките на часовникот со испорачаниот клуч со
внатрешна шестаголна глава (14). (Вртежен момент
на затегнување околу 20–25 Nm)
– Полека водете го надолу осцилаторниот заштитен
капак (3), додека не се покрие брусната плоча за
сечење.
– Проверете дали осцилаторниот заштитен капак (3)
правилно функционира.
Македонски | 179
1 609 92A 8VB | (07.11.2023)