180 | Македонски
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се
движи слободно и самостојно да се затвора.
По монтажата на брусната плоча за сечење, пред
вклучувањето, проверете дали брусната плоча за сечење
е точно монтирана и дали може слободно да се врти.
– Проверете дали брусната плоча за сечење стрчи на
осцилаторниот заштитен капак (3), на фиксираниот
заштитен капак (16) или на другите делови.
– Активирајте го електричниот алат за околу 30 секунди.
Доколку се појават значителни вибрации, веднаш
исклучете го електричниот алат и одново демонтирајте
ја и монтирајте ја брусната плоча за сечење.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика C)
Транспортниот осигурувач (13) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (2),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (13).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (13).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Напомени:
– При работењето внимавајте на тоа, транспортниот
осигурувач да не е притиснат навнатре, инаку рачката
на апаратот нема да може да се навали на саканата
длабочина.
– Ако транспортниот осигурувач тежко се движи при
влечење/притискање, треба да се подмачка за
непречено движење.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Водете ја рачката на алатот надолу додека
транспортниот осигурувач (13) целосно не се
притисне навнатре.
– Редовно подмачкувајте го транспортниот осигурувач.
Останати напомени за транспорт (види „Транспорт",
Страница 181).
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување (види слика D)
Хоризонталниот агол на закосување може да се постави
во граници од 0° до 45°.
Важните вредности за подесување се означени со
соодветните ознаки на аголниот граничник (6).
Позициите 0° и 45° се осигуруваат со помош на крајниот
граничник.
1 609 92A 8VB | (07.11.2023)
– Олабавете ги завртките за фиксирање (12) на
аголниот граничник со испорачаниот клуч со
внатрешна шестаголна глава (14) (8 mm).
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги
двете завртки за фиксирање (12).
Поместување на аголниот граничник
Аголниот граничник (6) можете да го поместите наназад,
ако сакате да исечете пошироки парчиња.
– Целосно одвртете ги завртките за фиксирање (12) со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава (14) (8 mm).
– Поместете го аголниот граничник (6) на саканото
растојание за една или две дупки наназад.
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги
двете завртки за фиксирање (12).
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика E)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да
се зацврстат.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
– Ставете го делот што се обработува на аголниот
граничник (6).
– Лостот за фиксирање (7) ставете го на делот што се
обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката
на вретеното (9).
Олабавување на делот што се обработува
– Олабавете ја рачката на вретеното (9).
– Отворете го делот за брзо отклучување (8) и
извлечете го вретеното за фиксирање (7) од делот што
се обработува.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Пред употребата проверете ги брусните плочи за
u
сечење. Брусната плоча за сечење мора да биде
монтирана беспрекорно и да може слободно да се
врти. Направете проба од најмалку 30 секунди, без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или брусни плочи за сечење што
вибрираат. Оштетените брусни плочи за сечење може
да пукнат и да предизвикаат повреди.
Правта од материјалите како на пр. боја што содржи
олово, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Bosch Power Tools