Télécharger Imprimer la page

ST MCS 470 Li D48 Serie Manuel D'utilisation page 252

Masquer les pouces Voir aussi pour MCS 470 Li D48 Serie:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 174
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
– Да набавите втора стандардна батерија за да
ја замените веднаш потрошената батерија
без да треба да ја прекинувате работата.
– Да набавите акумулатор со
поголема издржливост во однос на
стандардната батерија (пас. 15.1).
7.2.2
Исклучување и полнење на батеријата
1.
Отворете го капакот на делот на акумулаторот
и извадете го безбедносниот клуч.
2.
Притиснете го копчето на батеријата
(Сл.16.A) и извадете ја (Сл.16.B).
3.
Вметнете ја батеријата (Сл.17.B) во
куќиштето на полначот (Сл.17.C).
4.
Поврзете го полначот на батерии во извор
на ел. енергија со соодветен напон како
оној што е посочен на етикетата.
5.
Секогаш полнете ја до крај следејќи
ги упатствата дадени во упатството за
батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се доставува со
заштита што го прекинува полнењето ако
температурата во средина не е меѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може да се полни во секој
момент, дури и делумно без ризик од оштетување.
7.2.3
Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
1.
Извадете ја батеријата од нејзиното место
во полначот за батеријата (избегнете да
ја држите за местото под полначот).
Исклучете го полначот на батеријата
2.
од довод на ел. енергија.
3.
Отворете го капакот на куќиштето на
акумулаторот (Сл.18.A), вметнете го акумулаторот
(Сл.18.B) и притиснете надолу додека не кликне,
и потоа проверете го електричниот контакт.
Затворете ја докрај вратичката.
7.3
ЧИСТЕЊЕ
Исчистете ја машината по секоја употреба
следејќи ги следните упатства.
7.3.1
Чистење на машината
• Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација
се ослободени од остатоци од косењето.
• Не го прскајте со вода моторот и електричните
компоненти за да не ги намокрите (Сл.19).
• Не користете абразивни течности
за чистење на шасијата.
• За намалување на ризикот од запалување,
одржувајте ги тревокосачката и машината,
а особено моторот од остатоци од трева,
листови и прекумерно масло.
Секогаш чистете ги рачките, екранот и копчињата.
7.3.2
Чистење на уредот на сечилото
Отстранете ги остатоците од трева и кал што се
наталожиле од внатрешната страна на куќиштето
за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии
при подоцнежно палење заради исушување.
Закосете ја машината на страна и проверете
дали машината е стабилна пред да
направите каква било интервенција.
Бојата во внатрешноста на шасијата може да
испука поради абразивно дејство на искосената
трева; Во овој случај, веднаш префарбајте ја со
боја против 'рѓа, за да се спречи формирање
на 'рѓа што може да го кородира металот.
7.4
НАВРТКИ И ЗАВРТКИ
Сите завртки, навртки и лостови треба да
бидат добро прицврстени за да се осигурате
дека опремата е безбедна за работа.
7.5
ЧИСТЕЊЕ НА ПРЕНОСОТ
1.
Вадете ја заштитата еднаш или двапати
годишно (Сл. 20.A) (Сл. 21.A) со одвртување
на завртките (Сл. 20.B) (Сл. 21.B).
Само за модели од „MCS 500 Li 48
2.
серија": ослободете ги куките (Сл. 21.C).
3.
Потоа внимателно исчистете со четка или
компресиран воздух, за да ги отстраните
остатокот од трева и нечистотии
околу трансмисијата и каишот.
4.
Повторно вратете ја заштитата
(Сл. 20.A) (Сл. 21.A).
7.6
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
Филтерот треба секогаш да биде чист.
Постапете како што следи:
Исчистете ја зоната околу решетката
1.
на филтерот за воздух.
Одвртете ја завртката (Сл.28.B) за да
2.
ја извадите решетката (Сл.28.A).
Извадете го филтерот (Сл.29.A).
3.
Издувајте го филтерот или измијте го
4.
со вода (Сл.29.A) за да ја исчистите
прашината и остатоците.
Повторно вметнете го филтерот (Сл.30.A)
5.
во куќиштето, вратете ја решетката и
затегнете ја завртката (Сл.28.A) и (Сл. 28.B).
• Носете заштитни ракавици.
• Фатете ја машината на места кои нудат сигурен
зафат, имајќи ја предвид нејзината тежина и
распределба на истата.
• Ангажирајте соодветен број луѓе во согласност
со тежината на машината и карактеристиките на
средството за транспорт или за местото на кое
треба да се донесе или земе истата.
8.
ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Пред да започнете со каква било контрола,
чистење или одржување/прилагодување на
машината:
• Застанете ја машината.
MK - 9

Publicité

loading