Македонски | 403
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на
држачот (15) или на стативот (24).
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на
самонивелирање од ±4°. Штом ласерските зраци трепкаат постојано, мерниот уред
е изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на
мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерските линии прво
трепкаат 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s неколку пати со брзо темпо. Мерниот
уред се наоѓа во функција на навалување.
За дополнително работење со автоматиката за нивелирање поставете го мерниот
уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот
уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред
повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат
грешките при поместување.
Работење со функција за навалување
Поставете го мерниот уред на навалена подлога. При работењето со функција за
навалување трепкаат ласерските линии прво 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s
неколку пати со брзо темпо.
Во функцијата за навалување ласерските линии повеќе не се нивелираат и не мора
да се вертикално една кон друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики
кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате
термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно,
поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата
специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој
почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на нивелирањето на хоризонталната ласерска
линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалните ласерски линии.
Bosch Power Tools
1 609 92A 9B3 | (08.05.2024)