400 | Македонски
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да
u
одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот
напојувач.
Полнете ја батеријата преку USB-приклучок само на амбиентални
u
температури помеѓу +10 °C и +35 °C. Полнењето надвор од температурниот
опсег може да ја оштети батеријата или да го зголеми ризикот од пожар.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани
меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (11). Поврзете го USB-приклучокот
во USB-мрежниот напојувач со USB-кабел (26). Поврзете го USB-мрежниот
напојувач во струја.
Индикатор за промена на
боја (10)
Жолта
Зелена
Црвена
Кога полнењето ќе заврши, извадете го USB-кабелот (26). Затворете го капакот на
USB Type-C®-портата (11) за заштита од прав и вода.
Режим за заштеда на енергија
За да заштедите енергија, можете да ја намалите осветленоста на ласерските линии.
За таа цел, притиснете го копчето за режим за заштеда на енергија (2). Режимот за
заштеда на енергија е означен со осветлувањето на копчето за режим за заштеда на
енергија. За повторно да излезете од режимот за заштеда на енергија, притиснете
го копчето за режим за заштеда на енергија (2) така што ќе се изгаси.
Приказ на состојбата на наполнетост
Приказот за состојбата на наполнетост (3) при вклучен мерен уред ја прикажува
актуелната состојба на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет или на
батериите.
Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите ослабуваат, светлоста на
ласерските линии полека се намалува.
1 609 92A 9B3 | (08.05.2024)
Значење
Литиум-јонскиот батериски пакет е делумно
наполнет.
Литиум-јонскиот батериски пакет е целосно наполнет.
Номиналниот напон или струјата за полнење не се
соодветни.
Bosch Power Tools