Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите се скоро испразнети, тогаш
приказот за состојба на наполнетост (3) трепка постојано. Ласерските линии
трепкаат на секои 5 min по 5 s.
Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите се празни, ласерските линии и
приказот за состојба на наполнетост (3) трепкаат уште еднаш, пред да се исклучи
мерниот уред.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
u
зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
u
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со
работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред", Страница 403).
При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на
мерниот уред може да се наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни
u
влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете
контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред",
Страница 403).
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се
u
блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) во позиција ON. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред испраќа
ласерска линија од горниот излезен отвор (5).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
u
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
u
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Bosch Power Tools
Македонски | 401
1 609 92A 9B3 | (08.05.2024)