Télécharger Imprimer la page

ZEKLER 412 RDBH Instructions D'entretien page 108

Masquer les pouces Voir aussi pour 412 RDBH:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
уред (ако овие функции се користат).
Прекумерен притисок на звукот од слушалките може да предизвика губење на слухот.
Некои телефони може да немаат пристап до сите функции на Bluetooth®. Во тој случај,
овие функции треба да се контролираат директно на телефонот.
Слушалките имаат функција „дополнителен тон" што им овозможува на корисниците да
го слушнат сопствениот глас во слушалките. Тоа ја подобрува комуникацијата во бучна
околина и им овозможува на корисниците да зборуваат со нормално ниво на говор.
Предупредување за слаба батерија
Кога моќта на батеријата се намалува и останува 5% од максималното време за работа, во
слушалките ќе се слушне сигнал од 5 променливи тонови. Тогаш батериите треба да се променат или
да се наполнат што е можно побрзо. Сијаличката LED трепнува еднаш виолетово и слушалките ќе се
исклучат кога батериите целосно ќе се испразнат.
Функција за заштеда на енергија
За да се избегне ненамерно празнење на батериите, на пример, ако слушалките се остават вклучени
по завршувањето на работниот ден, слушалките автоматски ќе се исклучат по 6 часа ако во период од
6 часа не се направат никакви поставувања.
Притиснете го и држете го копчето BT 3 секунди за да ја престартувате функцијата Bluetooth® и
повторно да го воспоставите поврзувањето.
Ако функцијата за ФМ-радио и според нивото се вклучи, секоја посебна контрола за јачина на звукот
(A:12, A:10) мора да се исклучи и повторно да се вклучи.
Промена на батерии
Слушалките можат да работат и на батерии на полнење и на батерии за еднократна употреба од тип
АА (LR6/HR6). Користете батерии само од наведените типови. Предупредување! Ако се користат
други видови на батерии од оние што се назначени, може да настане ризик од експлозија. Фрлете
ги искористените батерии според локалните закони.
Отшрафете го капакот за батериите. (A:16).
Проверете дали ознаките на батериите + и - се поставени правилно во делот за батериите.
Кога се користат батерии за еднократна употреба, никогаш не поврзувајте полнач на слушалките.
Промена на батерии
Пред полнење, осигурите се дека сите функции се вклучени.
Слушалките се полнат кога ќе се поврзат на USB приклучок (компјутер, автомобил, итн.) или при употреба
на USB полнач, т.е. полнач за мобилен телефон. Користете го USB кабелот што е доставен со слушалките.
(B:4)
Користете само полнач што е одобрен според локалните прописи за електронски уреди.
Спецификации на полначот: Излез DC 5 V⎓1000 mA
Проверете дали полначот е правилно поврзан на приклучокот за полнење на слушалките (A:18) и изворот на
напојување, проверете дали се користат наведените батерии и се поставени правилно според ознаките + и -
во делот за батерии. Кога се полнат, ЛЕД-светилката на слушалките трепка црвено.
Користете само полнач што е наведен и одобрен од производителот.
Кога батериите ќе се наполнат, ЛЕД-светилката ќе свети темно црвено. Целосното полнење трае
околу 3 часа (подолго доколку се полни преку USB приклучок).
Важно! Не ги користете слушалките кога батериите се полнат!
Времетраењето на батеријата е приближно:
Стриминг Bluetooth® и зависно од нивото: 62 часа
Радио AM/FM и од нивото: 56 часа
Времето на работење може да варира во зависност од околината, температурата и батеријата.
Препораки за максималниот животен век на батериите на полнење
• Новите батерии на полнење треба целосно да се наполнат пред првата употреба.
• Отстранете ги батериите доколку не ги користите подолг временски период.
Делови (сл. A)
A:1. Лента за глава од термопластика
A:2. Узенгија со цврсто и лесно приспособување
A:3. Ушни перничиња со пена што се заменуваат
A:4. Антена за ФМ-радио со одлична чувствителност при прием
A:5. Микрофони за „активно слушање" според нивото
A:6. Кабел за поврзување помеѓу левата и десната слушалка
A:7. Микрофон за намалување на бучавата со држач
A:8. Перниче за глава со пена што се заменува
108

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

412 rdb412 db412 dbh