Télécharger Imprimer la page

Bosch 0 607 450 794 Notice Originale page 161

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-1189-003.book Page 160 Friday, December 6, 2013 12:49 PM
160 | Македонски
пневматскиот алат не се користи подолго време, оваа
постапка треба да ја повторите.
Кај сите пневматски алати на Bosch, што не спаѓаат во
серијата CLEAN (специјален мотор со компресиран
воздух, кој функционира со обезмастен компресиран
воздух), компресираниот воздух што струи треба
постојано да се меша со маслена магла. Потребниот
подмачкувач за компресиран воздух се наоѓа на
единицата за одржување на компресиран воздух на
пневматскиот алат (деталите за тоа може да ги добиете кај
производителите на компресори).
За директно подмачкување на пневматскиот алат или за
мешање на единицата за одржување треба да користите
моторно масло SAE 10 или SAE 20.
По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање. На
крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Ламелите на моторот треба редовно да се контролираат од
стручен персонал и доколку е потребно да бидат
заменети.
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
Опрема
За комплетната квалитетната програма на прибор можете
да се информирате на интернет на www.bosch-pt.com или
кај вашиот добавувач.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на пневматскиот алат.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
3 609 929 C64 | (6.12.13)
Отстранување
Пневматскиот алат, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
 Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
 Прописно отстранете ги ламелите од моторот!
Ламелите од моторот содржат тефлон. Не загревајте
над 400 °C, бидејќи може да настане пареа која е
штетна по здравјето.
Доколку вашиот пневматски алат не е повеќе употреблив,
предадете го во центар за рециклажа или пратете го во
овластената сервисна служба на Bosch.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

0 607 450 795