Télécharger Imprimer la page

Bosch 0 607 450 794 Notice Originale page 160

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-1189-003.book Page 159 Friday, December 6, 2013 12:49 PM
Замена на алатот
 Прекинете го напојувањето со воздух, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле пневматскиот алат. Овие превентивни
мерки го спречуваат невнимателниот старт на
пневматскиот уред.
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
Ставање на алатот за вметнување
– Притиснете ја навнатре чивијата на четириаголната
глава на прифатот за алат 6, напр. со помош на мал
одвртувач, и вметнете го алатот за вметнување 7 над
четириаголната глава. Внимавајте чивијата точно да
влезе во отворот на алатот за вметнување.
– Користете само алати за вметнување со соодветен крај
за приклучување (види „Технички податоци").
 Не користете адаптер.
Вадење на алатот за вметнување
– Притиснете ја навнатре чивијата во отворот на алатот
што се вметнува 7 и извлечете го алатот за вметнување
од прифатот за алат 6.
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
 Внимавајте на поставениот правец на вртење, пред
да го вклучите пневматскиот алат. Доколку, на
пример, сакате да одвртите шраф, а правецот на
вртење е поставен за зашрафување на шрафот, може
да дојде до силно неконтролирано движење на
пневматскиот алат.
Поставете го правецот на вртење
Десен тек: За зашрафување на шрафови и мутери
свртете го прекинувачот за правец на вртење 1 во правец
спротивен на стрелките од часовникот F (Forward).
Лев тек: За отшрафување на шрафови и мутери свртете го
прекинувачот за правец на вртење 1 во правец на
стрелките од часовникот R (Reverse).
 Прекинувачот за правец на вртење активирајте го
само доколку апаратот е во состојба на мирување.
Вклучување/исклучување
Напомена: Доколку пневматскиот алат не стартува, напр.
по подолго мирување, прекинете го напојувањето со
воздух, и свртете го повеќепати моторот на прифатот за
алат 6. Притоа ќе се отстранат атхезионите сили.
– За вклучување на пневматскиот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 и држете
го притиснат за време на работниот процес.
Bosch Power Tools
Лесниот притисок активира низок број ан вртежи и
овозможува нежен, контролиран старт. на тој начин може
да го изберете најпогодниот број на вртежи за работата
која треба да ја извршите.
– За Исклучување на пневматскиот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го пневматскиот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
 Прекинете го напојувањето со воздух, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле пневматскиот алат. Овие превентивни
мерки го спречуваат невнимателниот старт на
пневматскиот уред.
 Алатот за вметнување ставете го на
мутерот/шрафот само доколку е исклучен
одвртувачот. Ротирачкиот алат за вметнување може да
се слизне од мутерот/шрафот.
 При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Прекинете го напојувањето со воздух, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле пневматскиот алат. Овие превентивни
мерки го спречуваат невнимателниот старт на
пневматскиот уред.
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ги спојниците за
црево 2 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ги цврсто спојниците
за црево.
– За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 2 треба да
притиснете на приклучниот навој на доводот за воздух
3 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
Честичките вода и нечистотија што ги
содржи компресираниот воздух може да
предизвикаат создавање на р'ѓа и
истрошеност на ламелите, вентилите итн. За
да се спречи ова, во доводот за воздух 3
треба да капнете неколку капки моторно масло. Повторно
приклучете го пневматскиот алат на напојување со воздух
(види „Приклучок на напојувањето со воздух",
страна 158) и оставете го да работи 5 –10 с, додека не го
соберете маслото што капе со една крпа. Доколку
Македонски | 159
3 609 929 C64 | (6.12.13)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

0 607 450 795