Télécharger Imprimer la page

Bosch 0 607 450 794 Notice Originale page 155

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-1189-003.book Page 154 Friday, December 6, 2013 12:49 PM
154 | Македонски
Македонски
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за пневматски
алати
Прочитајте ги и
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
внимавајте на сите
напомени пред монтажата, употребата, поправката,
одржувањето и замената на делови од опремата како и
работење во близина на пневматските алати. Доколку
не внимавате на следните безбедносни напомени, може
да настанат сериозни повреди.
Добро чувајте го упатството за безбедносни напомени
и дајте ги истите на лицето што ги користи.
Безбедност на работното место
 Внимавајте на површините, кои при користењето на
машината може да се склизнат, како и на опасноста
од сопнување што може да ја предизвика
воздушното или хидрауличното црево. Лизгањето,
сопнувањето и превртувањето се главни причини за
повреди на работното место.
 Не работете со пневматскиот алат во околина каде
постои опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. При обработка на делот
може да настанат искри, кои може да ја запалат правта
или пареата.
 Држете ги подалеку луѓето што посматраат, децата и
посетителите, додека го користите пневматскиот
алат. Доколку другите луѓе ви го попречат вниманието,
може да ја изгубите контролата над уредот.
Безбедност на пневматските алати
 Воздушната струја никогаш не ја насочувајте кон
себе или наспроти други лица и држете ги дланките
понастрана од ладниот воздух. Компресираниот
воздух може да предизвика сериозни повреди.
 Контролирајте ги приклучоците и каблите за
напојување. Сите сервисни компоненти, спојки и
црева мора да се постават по однос на притисокот и
количината на воздух во согласност со техничките
податоци. Пренискиот притисок ги нарушува
функциите на пневматскиот алат, а превисокиот
притисок може да доведе до материјални штети и
повреди.
 Заштитете ги цревата од превиткување,
стеснување, средства за растворање и остри
рабови. Цревата држете ги далеку од топлина,
масло и ротирачки делови. Веднаш заменете го
оштетеното црево. Оштетениот кабел за напојување
може да доведе до замотување на пневматското црево
и да предизвика повреди. Прашината или струготините
што летаат може да предизвикаат тешки повреди на
очите.
 Внимавајте, држачите за црева секогаш да бидат
добро затегнати. Незацврстените или оштетени
3 609 929 C64 | (6.12.13)
држачи за црево може да предизвикаат
неконтролирано испуштање на воздухот.
Безбедност на лица
 Бидете внимателни како работите и разумно
користете го пневматскиот алат. Не ги користете
пневматските алати, доколку сте уморни или под
влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание при употребата на пневматскиот алат
може да доведе до сериозни повреди.
 Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни
очила. Носењето на лична заштитна опрема, како
заштита при дишење, безбедносни чевли за заштита од
лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, според
упатствата на вашиот работодавец или во согласност со
работните или прописите за заштита на здравјето го
намалува ризикот од повреди.
 Избегнувајте неконтролирано користење на
алатите. Осигурете се дека пневматскиот алат е
исклучен пред да го приклучите на напојување со
воздух, пред да го земете или носите. Доколку при
носењето на пневматскиот алат, сте го ставиле прстот
на прекинувачот за вклучување/исклучување или сте
го приклучиле пневматскиот алат додека е вклучен на
напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
 Извадете ги алатите за подесување, пред да го
вклучите пневматскиот алат. Алатот за подесување
што се наоѓа на ротирачки дел на пневматскиот алат,
може да доведе до повреди.
 Не ги преценувајте своите способности. Застанете
во стабилна положба и постојано држете
рамнотежа. Стабилната положба при стоење и држење
на телото овозможуваа подобро да го контролирате
пневматскиот алат при појава на неочекувани
ситуации.
 Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
 Излезниот воздух не го вдишувајте директно.
Внимавајте да не ви влезе излезниот воздух во
очите. Излезниот воздух од пневматскиот алат може да
содржи вода, масло, честички метал и нечистотија од
компресорот. Ова може да предизвика здравствени
тегоби.
Грижливо користење и постапување со пневматските
алати
 Користете уреди за затегнување или менгеме за да
го зацврстите или потпрете делот што се
обработува. Доколку делот што се обработува го
држите цврсто со раката или го притискате на телото,
нема да можете сами да го контролирате уредот.
 Не го преоптоварувајте пневматскиот алат.
Користете го соодветниот пневматски алат за
Вашата работа. Со соодветниот пневматски алат ќе
работите подобро и посигурно во зададениот домен на
работа.
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

0 607 450 795