Télécharger Imprimer la page

Cybex Silver Solution M-Fix Mode D'emploi page 96

Masquer les pouces Voir aussi pour Solution M-Fix:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
Кога користите ISOFIX-Connect, се создава врска со возилото што ја
��
зголемува безбедноста на детето. Сепак, вашето детето треба да се
врзи со каишот со три точки за фиксирање на возилото и заштитникот
за групата 1.
10. За да го активирате линеарниот заштитник од странични удари (L.S.P.)
(j) притиснете го копчето за движење на линеарниот заштитник од
странични удари (g). Може да се отвори во два чекори.
Исто така, седиштето на автомобил може да се употребува со затворен
��
линеарен заштитник од странични удари (L.S.P.) Ако во возилото нема
доволно простор или ако линеарниот заштитник од странични удари
(L.S.P.) е во конфликт со вратата на возилото.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА СЕДИШТЕТО ЗА АВТОМОБИЛ ОД ВОЗИЛОТО
Извршете ги чекорите за монтажа по обратен редослед.
1. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX-Connect (k) на двете
страни туркајќи ги копчињата за откочување (m) и истовремено влечејќи
ги наназад.
2. Повлечете го седиштето за автомобил од точките за фиксирање ISOFIX (o).
3. Отстранете го детското седиште и складирајте го ISOFIX-Connect по
спротивен редослед на чекорите за монтирање.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Наслонот за глава (c) може да се приспособи со помош на рачката за
приспособување на висина на наслонот за глава (d) што се наоѓа во
задниот дел на наслонот за глава (c). Приспособете го наслонот за глава
така што растојание помеѓу рамениците на детето и наслонот за глава да
не биде поголемо од 2 см (приближно 2 прста) (c).
Висината на наслонот за глава може да се приспособи кога
��
седиштето за автомобил се монтира во возилото.
MK
ПРИСПОСОБЛИВ НАСЛОН ЗА ГЛАВА
Приспособливиот наслон за глава (c) помага да се спречи опасноста
главата на детето да паѓа нанапред додека спие. Може да се постави
во една од 2 позиции. Туркајте го приспособливиот наслон за глава (c)
нанапред сè додека не го поставите во саканата позиција. За да го вратите
во првичната позиција, мора да ја движите рачката (f) и да го влечете
наслонот за глава наназад.
Главата на детето секогаш треба да го допира приспособливиот
��
наслон за глава.
94
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
1. Насочете го каишот на седиштето на возилото околу детето и внесете го
јазичето на каишот во закопчувалката. Мора да го закопчате добро и да
го слушнете карактеристичниот звук.
2. Поставете го скутниот каиш во црвените водилки на скутен каиш (h) на
седиштето за автомобил.
3. Повлечете го каишот за рамо за да го притегнете скутниот каиш.
4. На страната на седиштето за автомобил што се наоѓа до
закопчувалката, каишот за рамо и скутниот каиш мора да се внесат
заедно во водилката на скутниот каиш (h).
5. Влечете го каишот за рамо низ водилката на каишот за рамо (i) сè
додека не влезе во водилката на каишот.
6. Бидете сигурни дека каишот за рамо минува преку клучната коска на детето
и дека не го допира вратот на детето. Ако е потребно, приспособете ја
висината на наслонот за глава (c) за да ја измените позицијата на каишот.
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА НА
СЕДИШТЕ
Навлаката на детското седиште се состои од 4 дела (страничен држач
на наслонот за глава, наслон за глава, наслон за грб и перниче). Тие се
прицврстени заедно на неколку места со дрикер-копчиња. Штом ќе ги
откопчате сите дрикер-копчиња, ќе може да ги отстраните поединечните
делови на навлаката.
За да ги поставите повторно навлаките на седиштето за автомобил,
следете ги упатствата за отстранување по обратен редослед.
Навлаката може да се пере само на температура од 30 °C, на
��
програма за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави
бледнеење на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката
одделно од друга облека и не сушете ја во машина за сушење алишта
или на директна сончева светлина!
ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И РЕГУЛАТИВИ ЗА
ОТСТРАНУВАЊЕ ВО ОТПАД
CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој
производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која
производот му е продаден на клиентот во малопродажба. Содржината
на гаранцијата и сите основни информации потребни за потврдување на
гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница
go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Ако гаранцијата
е прикажана во описот на производот, тоа нема да влијае врз вашите
законски права кон нас во поглед на дефекти.
Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.

Publicité

loading