•
Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето
за автомобил што не може да се види со голо око. Во случај на
сообраќајна несреќа, заменете го седиштето за автомобил. Ако се
двоумите, советувајте се со застапникот или со производителот.
•
Не користете го ова седиште за автомобил подолго од 9 години.
Седиштето за автомобил е изложено на големо оптоварување за време
на рокот на траење на производот, што води до промени во квалитетот
на материјалот со текот на времето.
•
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење и
топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или белила!
•
На некои седишта на возилото изработени од чувствителни материјали,
користењето може да остави дамки и/или да предизвика бледнеење. За
да го спречите ова, може да ставите ќебе, крпа или сличен предмет под
седиштето за автомобил за да го заштитите седиштето на возилото.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
(а) Оддел за складирање на
Водичот за корисник
(b) Наслон за грб
(c) Приспособлив наслон за глава
(d) Рачка за приспособување на
висината на наслон за глава
(e) Перниче
(f)
Рачка за приспобливиот
наслон за глава
(g) Копче за движење на L.S.P.
(h) Водилка на скутен каиш
ПОДГОТОВКА ЗА МОНТИРАЊЕ
Поврзете го наслонот за грб (b) со перничето (e) со прикачување на
водилката со кука на осовината на перничето. Потоа, преклопете го
наслонот за грб (b) нанапред.
ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО
Седиштето за автомобил со вовлечени рачки за заклучување ISOFIX-
Connect (k) може да се користи на сите седишта на возило што имаат
автоматски каиши со три точки за фиксирање што во прирачникот за
возилото се одобрени за „универзална" употреба.
(i)
Водилка на каишот за рамо
(j)
Линеарен заштитник од
странични удари (L.S.P)
(k) Рачки за заклучување
ISOFIX-Connect
(l)
Рачка за приспособување
ISOFIX-Connect
(m) Копче за ослободување ISOFIX
(n) Сигурносен показател
ISOFIX-Connect
(o) Точки за закотвување ISOFIX
Сертификацијата „полууниверзален" им се дава на системите а врзување
што не се поврзуваат со возилото преку рачки за заклучување ISOFIX-
Connect (k). Од оваа причина, ISOFIX-Connect може да се употребува
само во одредени возила. Осврнете се на приложениот список со типови
возила за одобрените возила. Може да ја добиете најновата верзија на
www.cybex-online.com.
Во особени случаи, седиштето за автомобил може, исто така, да се
употребува на предното патничко седиште. Секогаш почитувајте ги
препораките на производителот на возилото.
МОНТИРАЊЕ НА СЕДИШТЕ ЗА АВТОМОБИЛ ВО ВОЗИЛОТО
1. Секогаш треба да бидете сигурни дека...
• наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,
• кога го монтирате седиштето за автомобил на предното патничко
седиште, тоа е приспособено што е можно поназад, без да влијае врз
жлебовите за водење на каишот.
2. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX-Connect (l) под
перничето (e) и повлечете ги целосно двете рачки за заклучување
ISOFIX (k).
3. Сега, завртете ги рачките за заклучување ISOFIX (k) 180°, така што ќе
бидат завртени во правец на точките за закотвување ISOFIX (o).
4. Поставете го седиштето за автомобил на соодветно седиште во возилото.
5. Турнете ги двете рачки за заклучување (k) во точките за закотвување
ISOFIX (o) сè додека не се заклучат во соодветната позиција и додека
не слушнете звук на закопчување.
6. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX-Connect (l) и туркајте
го седиштето на автомобил кон седиштето на возилото.
7. Бидете сигурни дека целата површина на наслонот за грб (b) на седиштето
за автомобил се потпира наслонот за грб на седиштето на возилото.
Ако потпирачот за глава на возилото претставува препрека,
повлечете го целосно нагоре или отстранете го (освен кај седишта во
возило завртени наназад).
8. Обезбедете дека седиштето за автомобил е добро прицврстено,
обидувајќи се да го извлечете од точките за фиксирање ISOFIX (o).
Зелените сигурносни показатели (n) мора да бидат јасно видливи на
двете страни на седиштето.
9. Ако седиштето се употребува без ISOFIX-Connect, може да се остави на
долниот дел на седиштето за автомобил.
MK
93