Télécharger Imprimer la page

Skil 0713 Notice Originale page 113

Masquer les pouces Voir aussi pour 0713:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
СПЕЦИФИЧНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА
КОСИЛКИТЕ
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
④ Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
⑤ Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
⑥ Обрнете внимание на ризикот од повреда што
може да го предизвика отфрлениот остаток од
косењето (присутните лица да стојат на безбедно
растојание од местото на работа)
⑦ Внимавајте на острите сечива
⑧ Држете го кабелот (и продолжниот) подалеку од
ротирачкото сечиво
⑨ Исклучете ја косилката и извадете го приклучокот
од штекер пред чистење/одржување или ако
кабелот (продолжниот) е оштетен или заплеткан
⑩ Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
ОПШТИ
• Не работете со косилката на влажни тревници
• Корисникот е одговорен за несреќните случаи или
штетите што ќе се предизвикаат кај други лица или
на нивниот имот
• Никогаш не вклучувајте ја косилката со расипан
заден заштитник или оштетена кутија за трева
• Ставете го задниот заштитник во затворена
позиција кога работите со косилката без кутијата за
трева (постои ризик од повреда од ротирачкото
сечиво)
• Секогаш исклучувајте го приклучокот од штекер
- кога косилката ја оставате без надзор
- пред чистење заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на косилката
- ако удрите во стран предмет
- секогаш кога косилката ќе вибрира невообичаено
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
• Проверувајте го кабелот од време на време и
повикајте квалификувано лице да го смени ако е
оштетен
• Користете уред за преостанат напон (RCD) со
максимален напон за активирање од 30 mA кога ја
користите косилката
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Користете само продолжен кабел од типовите
H05VV-F или H05RN-F којшто е наменет за употреба
на отворено и е опремен со приклучок со заштита
од вода и штекер во форма на запалка
• Не преминувајте преку кабелот (продолжниот) не
превиткувајте или не влечете го
• Заштитете го (продолжниот) кабел од топлина,
масло и остри рабови
• Проверувајте го продолжниот кабел од време на
време и сменете го ако е оштетен (несоодветните
продолжни кабли се опасни)
ЛИЧНА ЗАШТИТА
• Не работете со косилката кога сте боси или ако
носите отворени сандали; секогаш носете цврсти
чевли и долги пантолони
• Запознајте се со контролите и со правилната
употреба на косилката
• Никогаш не косете во непосредна близина на луѓе
(особено деца) и животни
• Секогаш чувајте ги рацете и нозете подалеку од
ротирачките делови
• Стојте секогаш настрана од испустот
• Вклучувајте го моторот во согласност со упатството
и со стапалата што подалеку од сечивото
• Алатот не е наменет за употреба од страна
на лица (вклучително и деца) со намалени
физички, чувствителни или ментални
способности, без искуство и познавања, освен
ако не се под надзор или ако не се обучени за
употребата на алатот од страна на лице кое што
е одговорно за нивната безбедност (локалните
закони ја одредуваат и возраста на операторот)
• Обезбедете децата да не си играат со алатот
• Работете со косилката само со одење (не трчајте)
• Одржувајте соодветно растојание на закосени
терени и не косете на исклучително стрмни терени
• Бидете исклучително внимателни кога косите
наназад или кога ја влечете косилката кон себе
ПРЕД УПОТРЕБА
• Проверувајте ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не
отворајте ја машината сами
• Темелно проверете ја областа каде ќе се користи
косилката и отстранете ги сите цврсти предмети
што може да се зафатат и исфрлат со механизмот
за косење
• Секогаш проверувајте дали механизмот за
косење е во добра работна состојба (заменете ги
истрошените или оштетените делови)
• Одржувајте ги сите навртки, завртки и шрафови
цврсто затегнати за да обезбедите дека косилката е
во добра работна состојба
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Косете само на дневно светло или со соодветно
вештачко осветлување
• Не закосувајте ја машината кога го вклучувате
моторот освен ако таа мора да се закоси при работа
во висока трева (во тој случај не закосувајте ја
повеќе од неопходното и секогаш со делот што е
подалеку од операторот). Секогаш држете ги двете
раце во работната положба пред да ја вратите
машината на телото
• Проверете дали сечивото е комплетно застанато
кога ја закосувате машината за да преминете
одредена површина што не е трева и кога ја носите
до и од областа за косење
• Косете попреку на закосените терени (никога
нагоре и надолу)
• Бидете исклучително внимателни кога го менувате
правецот на закосените терени
• Никогаш не кревајте или не носете ја косилката
додека работи моторот
• Секогаш исклучете ја машината и исклучете го
приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување
со ел. енергија или продолжниот кабел се
пресечени, оштетени или заплеткани (не допирајте
го кабелот пред да го исклучите приклучокот)
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно
лице
113

Publicité

loading