Чистење На Машинатаи На Моторот; Навртки И Шрафови За Фиксирање; Акумулатор - Stiga LT 40 Li Manuel D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 203
ВАЖНО Сите работи за одржување и
подесување коишто не се опишани во ова
упатство треба да се извршат кај дилерот
или во овластениот сервисен центар.
7.2 АКУМУЛАТОР
7.2.1 Автономија на батеријата
Зачувувањето на енергија на акумулаторот
(и со тоа е потребна површина за сечење
пред полнењето) најчесто зависи од:
a. Факторите на средината на работа
коишто предизвикуваат најголема
потрошувачка на акумулаторот:
– сечење на густа, висока,
влажна вегетација,
b. однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во
текот на работата,
– несоодветно косење во однос
на работата (пас. 6.4.1).
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
• сечете ја тревата кога е сува,
• користете ја најсоодветната
техника на косење (пас. 6.4.1).
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
• да набавите втора стандардна
батерија за да ја замените веднаш
потрошената батерија без да треба
да ја прекинувате работата,
• да набавите акумулатор со поголема
резервна моќност во однос на
стандардниот акумулатор (пас. 15.1).
7.2.2 Исклучување и полнење
на батеријата
1. Притиснете ги копчињата на акумулаторот
(Сл. 11.A) и извадете го (Сл. 11.B);
2. Ставете го акумулаторот (Сл. 12.A) во
куќиштето на полначот (Сл. 12.B);
3. поврзете го полначот за акумулатор
(сл. 12.C) на приклучница со напон кој е
наведен на плочката со спецификации.
4. целосно наполнете го акумулаторот
согласно инструкциите дадени во
упатството за акумулаторот/полначот.
ЗАБЕЛЕШКА Акумулаторот се
доставува со заштита што го прекинува
полнењето ако температурата во
средина не е меѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може
да се полни во секој момент, дури и
делумно без ризик од оштетување.
7.2.3 Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
1. Извадете го акумулаторот (Сл.
13.A) од куќиштето на полначот (не
го оставајте да се полни, откако
веќе целосно се наполнил);
2. Извадете го полначот (Сл. 13.B) од струја,
3. Ставете го акумулаторот (Сл. 14.A) на
своето место притискајќи го докрај сè
додека не слушнете звук на кликнување
и проверете го електричниот контакт.
7.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
И НА МОТОРОТ
• Секогаш чистете ја машината по
употребата со чиста и мокра крпа
потопена во неутрален детергент.
• Отстранете ги сите траги на влага
со мека и сува крпа. Влагата остава
простор за ризик од електричен удар.
• Не користете абразивни детергенти
и растворувачи да ги исчистите
пластичните делови или рачките.
• За намалување на ризикот од
запалување, чистете ја машината,
а особено моторот од остатоци од
трева, листови и прекумерно масло.
• За да избегнете прегревање или
оштетување на моторот или на
акумулаторот, секогаш проверувајте
дали решетката за воздух за
ладење е чиста и без остатоци.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење
на моторот и на електричните делови.
7.4
НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Сите завртки, навртки и лостови
треба да бидат добро прицврстени
за да се осигурате дека опремата
е безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали
рачките се цврсто фиксирани.
MK - 13

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières