3.7
Вшмукување суви супстанции
ВНИМАНИЕ
Вшмукување супстанции опасни по
околината.
Кога се вшмукуваат такви супстанции постои
опасност по околината.
1. Вшмуканото треба да се отстрани во отпад
според прописите.
Пред да го празните резервоарот по
вшмукувањето суви супстанции, извадете
го приклучокот од штекерот. Отворете ги
страничните стеги за затворање на горниот дел
на моторот за да го извадите долниот дел на
стегите за затворање. Извадете го горниот дел на
моторот од резервоарот.
Главен филтер: Проверете го филтерот.
Истресете, исчеткајте или измијте го филтерот
кога го чистите. Филтерот треба да биде сув пред
повторно да се употребува.
Ќеса за прав: Проверете дали е полна ќесата за
прав. Кога е полна, заменете ја. Отстранете ја
старата ќеса за прав. Ставете ја новата ќеса за
прав со ставање на картонската прирабница со
гумената мембрана на отворот за вшмукување.
Внимавајте притоа да ја турнете гумената
мембрана преку задебелувањето на отворот за
вшмукување.
По празнење: Повторно поставете го горниот
дел на моторт врз резервоарот. Затворете
ги страничните стеги за затворање. Секогаш
мора да се става филтерот во уредот кога
се вшмукуваат суви супстанции. Силата на
вшмукување на уредот зависи од големината
и квалитетот на филтрите и ќесите за прав.
Затоа мора да се употребуваат само оригинални
филтри и ќеси за прав.
4
По употреба на уредот
4.1
По употреба
Секогаш исклучувајте го од струја кога не го
користите. Намотајте го кабелот на уредот.
Кабелот за струја можете да го намотате околу
горниот дел на моторот или резервоарот.
Одредени верзии имаат држачи и полици за
додатни делови.
4.2
Транспорт
1. Сите механизми за затворање треба да бидат
активирани пред транспорт.
2. Да не се навалува уредот кога во контејнерот
со нечистотии се наоѓа течност.
Додатоци по избор / Опциите зависат од моделот
*)
Превод на оригиналниот прирачник
3. Не употребувајте крански куки за подигање на
уредот.
4. Не подигајте го уредот за рачката за туркање
или рачката на MAKPAC-Box
4.3
Складирање
ВНИМАНИЕ
Чувајте го уредот на суво место заштитено
од дожд и мраз. Овој уред треба да биде
складиран во внатрешност на зграда.
4.4
Складирање на додатните делови
За полесно транспортирање и чување на
додатоците, на страната од уредот ќе пронајдете
шини на коишто можете да ги прицврстите
додатоците со ремени. На задната страна од
уредот има флексибилни ремени и куки за
чување на цревото за вшмукување и кабелот за
струја. За упатства видете го краткиот водич.
Како опција може да се постави плоча за
приклучоци
со прицврстување каде што може
*)
да се постави кутија за складирање со две или
четири точки.
Исклучете го од струја пред монтирање на
плочата за приклучоци.
ВНИМАНИЕ
Уредот не треба да се подига за плочата за
приклучоци без да е намонтирана кутијата
за складирање. Кога се употребува кутијата за
складирање, внимавајте на тежината и балансот
на уредот. Најголемата дозволена тежина на
кутијата за складирање е 30 kg.
4.5
Рециклирање на уредот
Уредот што веќе не се употребува треба да се
направи да биде неоперативен.
1. Не треба да биде приклучен во струја.
2. Исечете го кабелот за струја.
3. Не фрлајте го уредот заедно со домашниот
отпад.
Согласно Директивата на ЕУ 2012/19/EG за
искористени електрични и електронски
уреди, уредот со електрични или
електронски делови треба да се демонтира и
сите делови да се фрлат одделно, односно да се
рециклираат на еколошки начин.
Makita VC4210L
*)
.
*)
*)
231
D
GB
F
NL
I
N
S
DK
SF
E
P
GR
TR
SLO
HR
SK
CZ
PL
H
RO
BG
RUS
EST
LV
LT
AL
MK
SR
UK