AL-KO Moweo 42.0 Li Mode D'emploi page 447

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 56
Работа
5.3
Ставање и вадење на
акумулаторската батерија (05)
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на
акумулаторската батерија. Ако
акумулаторската батерија по употребата се
остави во уредот, тоа може да доведе до
оштетување на акумулаторската батерија.
Непосредно по употреба извадете ја
акумулаторската батерија од уредот и
складирајте ја заштитено од мраз.
Ставете ја акумулаторската батерија во
уредот дури непосредно пред
започнувањето со работа.
Ставање на акумулаторската батерија
1. Отклопете го капакот (05/1) на отворот за
акумулаторската батерија (05/а).
2. Вметнете ја акумулаторската батерија
(05/2) од горе во отворот за батеријата сè
додека не се вклешти (05/b).
3. Заклопете го капакот на отворот за
акумулаторска батерија сѐ додека не
слушнете да се вглави.
Вадење на акумулаторската батерија
1. Притиснете го копчето за отклучување на
акумулаторската батерија и држете го
притиснато.
2. Извадете ја акумулаторската батерија
(05/2).
5.4
Вклучување и исклучување на
напојувањето со струја (05, 06)
Со сигурносниот-насаден клуч за
прекинувачот со клуч во куќиштето за
акумулаторска батерија може да се вклучува
и исклучува напојувањето со струја на целиот
уред.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреда. Ненамерното вклучување може да
доведе до тешки повреди.
Секогаш пред работни паузи и
одржувања: Исклучете го уредот и
извлечете го сигурносниот-насаден клуч.
Вклучување на напојувањето со струја
1. Отклопете го капакот (05/1) на отворот за
акумулаторската батерија (05/а).
2. Вметнете го (06/a) сигурносниот-насаден
клуч (06/1) и завртете го на 1 (06/b). Со тоа
се напојува уредот со работен напон но
сепак сè уште не почнува да работи.
457563_b
3. Заклопете го капакот на отворот за
акумулаторска батерија.
4. Вклучете го уредот: Стартувајте го
моторот, види Поглавје 6.2 "Стартување
или запирање на моторот (08)",
страна 448.
Исклучување на напојувањето со струја
1. Завртете го (06/c) сигурносниот-насаден
клуч на 0 и отстранете го (06/d).
2. Непосредно по употреба извадете ја
акумулаторската батерија од уредот,
наполнете ја и складирајте ја заштитено
од мраз. Ставете ја акумулаторската
батерија во уредот дури непосредно пред
следното користење.
6 РАБОТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од
нецелосно монтирање! Работењето на
нецелосно монтиран уред може да доведе до
тешки повреди.
Користете го уредот само ако е целосно
монтиран!
Ставете ја акумулаторската батерија дури
тогаш кога уредот е целосно монтиран!
Пред вклучувањето проверете дали се
ставени сите заштитни и безбедносни
направи и дали се функционални!
6.1
Подесување на висината на косење
(07)
Регулирањето на висината на косење кај
модели со централно регулирање на висината
се врши со помош на лост.
Кај модели со регулирање на единечно тркало
или регулирање на оската на секое тркало
има по еден лост. Треба да се внимава на
исто регулирање на висината на косење кај
сите тркала.
ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.
Опасност од исеченици при посегнување во
движечката алатка за косење.
Прилагодувајте ја висината за сечење
само при исклучен мотор и запрена алатка
за косење.
1. Благо притиснете го на надвор (07/a) и
задржете го лостот (07/1) за отклучување.
За пониска трева поместете го лостот
во правец на предното тркало (07/b).
447

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Moweo 46.0 li sp

Table des Matières