ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Напон на батеријата
Номинална брзина
Дијаметар на прстенот
Максимален дијаметар на површината на абразивно шмирглање
дискови за сечење - макс. Дијаметар
Дијаметар на дискот за глодање
Лончести четки-ø
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 Ah...6,0 Ah)
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата:
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. / Несигурност K
Ниво на јачина на звук. / Несигурност K
Носете штитник за уши.
Информации за вибрации:
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани
согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност K
h
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на тестирање даден во EN 60745 и
може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви примени, со поинаков прибор
или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен
период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е вклучен, но не врши никаква работа.
Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и приборот,
рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни упатства,
инструкции, илустрации и спецификации за овој електричен алат.
Недоследно почитување на подолу наведените упатства можe да предизвика
електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА БРУСИЛКА
Заеднички безбедносни упатства за мазнење, мазнење со рапава хартија,
работа со жичани четки, полирање и делење:
Вообичаени безбедносни напомени за брусење
a) Овој електричен алат е наменет за употреба при брусење, шмирглање,
четкање со жица, полирање, резбање или сечење. Прочитаје ги сите
безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации кои
се приложени со овој електричен алат.Доколку не ги почитувате следните
упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.
b) Не употребувајте прибор што не е предвиден и препорачан од
производителот специјално за овој електро-алат.
Доколку извесен прибор можете да го прицврстите на вашиот електричен алат,
тоа не претставува гаранција за сигурно употреба.
c) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде
нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на вашиот електро-алат.
Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се скриша и да излета.
d) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот мора да
соодветствуваат со податоците за димензиите на вашиот електро-алат.
Приборите со несоодветна димензија не можат да бидат соодветно заштитени
или контролирани.
e) Брусна плоча, цилиндар за брусење или друга опрема, мора точно
да одговараат на вретеното за брусење или клештата за затегнување на
електро-орудието. Орудија за примена, кои што не одговараат егзактно на
120
M12 BLROT
Брусилка на батерии
4978 20 01 XXXXXX MJJJJ
12 V
5000 - 27500 min
-1
0,8 / 1,6 / 2,4 / 3,2 mm
Ø 25 mm
Ø 38 mm
Ø 20 mm
Ø 20 mm
562 ... 800 g
-18...+50 °C
M12B...
M12-18C, M12-18AC, M12-18FC, C12C
75,5 dB(A) / 3 dB(A)
83,5 dB(A) / 3 dB(A)
12,49 m/s
2
/ 1,5m/s
вретеното за брусење на електро-орудието се вртат нерамномерно, силно
вибрираат и можат да доведат до губење на контролата.
f) Шајбните кои се монтираат на осовинката, добошите за брусење,
секачите или другиот прибор мора да бидат целосно вметнати во
стезната глава или прстен. „Надвесот" одн. слободниот дел на клинот помеѓу
брусното тело и клештата за затегнување или главата за затегнување мора да
биде минимален. Кога клинот се држи недоволно и/или надвесот на дискот е
преголем, монтираниот диск може да се откачи и да биде отфрлен настрана со
голема брзина.
g) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба извршете
контрола, како на пример на дисковите за брусење по однос на расцепи
и пукнатини, на подножјата за брусење по однос на пукнатини, изабаност
или голема искористеност, на четките со жици по однос на лабави или
скршени жици. Ако електро-алатот или приборот паднат, проверете, дали
тие се оштетени или употребете неоштетен прибор. Ако приборот сте
го провериле и го употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат во
близина, треба да бидете вон доменот на ротирачкиот прибор и оставете
го приборот да работи една минута со максимален број на вртежи.
Оштетениот прибор најчесто се крши во овој тест-период.
h) Носете опрема за лична заштита.Во зависност од примената, користете
штит за лице, заштитна маска или заштитни очила.Доколку е соодветно, носете
маска за прашина, заштитници за слух, ракавици и работна престилка коишто
може да спречат мали абразивни делчиња или делчиња од работното парче.
Заштитата за очите мора да може да ги спречи разлетаните парчиња
нечистотија што се создаваат при различните операции.Маската за прашина
или респираторот мора да може да ги спречи честичките што се создаваат при
работењето.Долготрајната изложеност на бучава со висок интензитет може да
предизвика губење на слухот.
i) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да се почитува
безбедно растојание од вашиот делокруг на работа. Секој што ќе пристапи
во делокругот на работа, мора да носи опрема за лична заштита.
Можат да се разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен додаток и
МАКЕДОНСКИ
да предизвикаат повреди, исто така и надвор од директниот делокруг на работа.
j) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини за држење,
додека извршувате работи, кај кои приборот може да погоди сокриени
струјни водови или сопствениот кабел за напојување со струја. Контактот
со водови што спроведуваат напон, става и метални делови од електро-
апаратот под напон и доведува до електричен удар.
k) Држете го електро-орудието при стартот секогаш добро и цврсто.
При подигнување на полна брзина, моментот на реакција на моторот може да
доведе до тоа, електро-орудието да се изврти.
l) Доколку е возможно употребете стегач за затегнување, за работното
парче да го фиксирате. Никогаш не држете мали парчиња кои што ги
обработувате во рака, а орудието во другата рака, додека го употребувате
орудието. Со затегнување на помали парчиња за обработување, рацете ги
имате ослободено за подобро ракување со електро-орудието. При одвојување
на тркалезни парчиња за обработување, како што се дрвени дибли, шипкаст
материјал или цевки, таквите имаат особина да се оттркалаат, со што влошката
на орудието може да се заглави и да биде исфрлен према Вас.
m) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако орудието за
применување не е дојдено во потполно мирување. Орудието за примена
кое што се врти може да дојде во контакт со подлогата за оставање со што би
можеле да ја изгубите контролата врз електро-орудието.
n) После менувањето на влошки за орудија или после подесувањето
кај апаратот, обезбедете се, дека мутерот на клештите за затегнување,
направата за бушење или останати елементи за прицврстување се добро
затегнати. Лабави елементи за прицврстување можат неочекувано да се
поместат и да доведат до загуба на контролата; неприцврстени, ротирачки
компоненти насилно излетуваат.
2
o) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите. Вашата
облека може да биде закачена преку случаен контакт со приборот што се врти,
при што тој може да навлезе во вашето тело.
p) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот електро-алат.
Вентилаторот на моторот влече прашина во куќиштето, а големо насобирање на
метална прашина може да предизвика електрични опасности.
q) Не употребувајте го електро-алатот во близина на материјали што
горат. Таквите материјали можат да се запалат од искри.
r) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни средства за
ладење. Употребата на вода или на други течни средства за ладење може да
доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица на
заглавен или блокиран прибор што се врти, како на диск за брусење, подножје
за брусење, четка со жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до
неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин неконтролираниот
електро-алат се забрзува во спротивна насока од насоката на вртење на
приборот во точката на спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран во материјалот,
работ на дискот за брусење што навлегува во материјалот, може да се закачи и
на тој начин да дојде до излегување на дискот или да се предизвика повратен
удар. Во таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот или
настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот во точката на
спојување. Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна употреба на
електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост,
како што се опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето тело и
вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете отпор на силите
од повратиот удар. Секогаш употребувајте ја додатната рачка, доколку
постои, за да можете да имате максимална можна контрола над силите од
повратниот удар или на моментите на реакција при пуштање во работа.
Операторот може да ги контролира силите на повратниот удар и реакционите
сили со преземање соодветни мерки на претпазливост.
b) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови итн. Спречувајте
ситуации, во кои приборот се одбива од и заглавува во материјалот за
обработка. Кај агли, остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот
прибор е склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или
повратен удар.
c) Не употребувајте лист за пилење со запчаници. Таквите орудија за
примена честопати предизвикуваат повратен удар или губење на котролата врз
електро-орудието.
d) Секога водете го применуваното орудие во ист правец со материјалот,
во кој што работ на сечење го напушта материјалот (одговара на истиот
правец, во кој што се исфрлуваат струготините). Водењето на електро-
орудието во погрешен правец доведува до тоа, применуваното орудие да
се исфрли од парчето кое што се обработува, со што електро-орудието се
вовлекува во тој правец на помакнување.
e) При употреба на ротирачки турпии, режни дискови, глодала со висока
брзина или глодала од цврст метал, делот што се обработува секогаш
мора да биде цврсто затегнат. Овие шајбни ќе се заглават доколку се ставени
лабаво во жлебот и може да дојде до повратен удар. Ако шајбната за сечење
се заглави, самата шајбна обично ќе се скрши. Кога ротационата турпија,
високобрзинскиот секач или секачот од волфрам или од тврд метал ќе се
заглават, тие можат да излетаат од жлебот, а Вие може да изгубите контрола
над алатката.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и шлајфување со делење
a) Употребувајте исклучиво типови на плочи за стругање, кои што се
препорачуваат за Вашето електро-орудие, и само за препорачаните
можности за примена. На пример никогаш немојте да стругате со
страничната површина на разделна плоча. Разделните плочи се наменети за
симнување на материјалот со кантот на плочата. Странично делување на сила
врз овие тела на стругање може да ги скрши.
b) За конични и прави затици за стругање со навои употребувајте само
неоштетени трнови од исправната големина и должина, без задно сечење
кај рамото. Соодветниот трн ја намалува можноста од кршење.
c) Не „заглавувајте" го тркалото за сечење и не нанесувајте прекумерен
притисок.Не обидувајте се да направите премногу длабок засек.
Преоптоварувањето на дискот за сечење го зголемува оптоварувањето
и подложноста на искривување или заглавување на дискот за сечење во
засекот и можност за повратен удар или кршење на дискот за сечење.
d) Не ја позиционирајте раката во правец на ротацијата односно позади
ротирачката разделна плоча. Ако разделната плоча во парчето кое што
се обработува ја придвижите од Вашата рака натака, во случај на повратен
удар електро-орудието може со плочата која што се врти директно да биде
катапултирано врз Вас.
e) Доколку дискот за делење се заглави или доколку прекинете со работа,
исклучете го електро-алатот и држете го мирно сè додека дискот не
постигне состојба на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете
дискот од засекот додека се врти, во спротивно може да дојде до повратен
удар. Констатирајте и отстранете ја причината за заглавувањето.
f) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека истиот се наоѓа
во материјалот за обработка. Дозволете дискот да го достигне целиот број
на вртежи, пред внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка или да
предизвика повратен удар.
g) Потпрете плочи или големи делови за работа, за да го избегнете
ризикот од повратен удар предизвикан од приклештена разделна плоча.
Големи делови за обработка можат да се превиткаат под својата сопствена
тежина. Парчето за обработување мора да биде потпрено од двете страни и тоа
како во близина на разделниот засек така и на кантот.
h) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во постоечки ѕидови
или други подрачја каде што се нема увид. Дискот што навлегува може да
предизвика повратен удар при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во
електрични водови или други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за мазнење.
Следете ги податоците на производителот по однос на големината на листот за
мазнење. Листови за шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење,
можат да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на листовите или да
доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата со четките со жица:
a) Обратете внимание на тоа, дека челичната четка и за време на
вообичаената употреба губи парчиња жица. Не ги преоптоварувајте
жиците со премногу висок притисок на притиснување. Парчиња жица кои
што се разлетуваат, би можеле многу лесно да продрат низ лесна облека и/
или кожата.
b) Оставете ги четките да работат најмалку една минута со работен
број на вртежи, пред да ги користите. Во текот на ова време никој не
смее да се наоѓа пред четката или во иста линија со четката. Во текот на
разработувањето, лабавите четини или жици се исфрлаат.
c) Насоката на исфрлање на ротирачката жичена четка насочете ја
подалеку од себе. При користењето на овие четки, мали честички и ситни
парченца од жица може да бидат исфрлени со голема брзина и може да се
забијат во вашата кожа.
МАКЕДОНСКИ
121