Télécharger Imprimer la page

ST MP 700 Li 48 Manuel D'utilisation page 344

Masquer les pouces Voir aussi pour MP 700 Li 48:

Publicité

2. да се исчисти жлебот на лостот со соодветна
гребалка (не се доставува) (сл. 27.A);
3. да се чистат отворите за
подмачкување (сл. 27.B);
4. со рамна турпија, да се извадат страничните
наталожувања и да се порамнат евентуалните
разлики во висината меѓу водилките.
8.3.1
Замена на лостот
Лостот треба да се смени кога:
• длабочината на запците ќе биде пониска
од висината на почетната точка на
преносникот (кои никогаш не смее
да допрат до долната страна);
• внатрешниот ѕид на водилката е искористен
до точка на допирање врз ланецот.
9. ОДЛОЖУВАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да
се следат во текот на ракување се наведени во
пасус 2.4. Строго придржувајте се до тие упатства
за да избегнете сериозни ризици или опасности.
9.1
ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1. Извадете ја батеријата од лежиштето
и проверете го полнењето.
2. Ставете ја заштитата за лостот.
3. Проверете дали моторот е соодветно изладен.
4. Исчистете ја машината (пасус 7.4).
5. Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки или
контактирајте со овластен сервисер.
6. Одложете ја машината:
– во сува просторија;
– и засолнета од лоши временски услови;
– и на место надвор од дофатот на децата;
– уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и
опремата што ја користевте при одржувањето.
9.2
ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина
без директна сончева светлина, на
студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако нема да ја користите
подолг период, полнете ја батеријата секои два
месеца за да ѝ се продолжи рокот на употреба.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината:
• Застанете ја машината;
• Почекајте да застане синџирот;
• Извадете ја батеријата од лежиштето
и проверете го полнењето;
• Ставете ја заштитата за лостот.
• Проверете дали моторот е соодветно изладен;
• Носете заштитни ракавици,
• Фатете ја машината само за држачите
и да се насочи лостот во правец
спротивен од правецот на движење.
Кога ја носите машината со возило:
• обезбедете ја соодветно машината со
помош на јажиња или синџири,
• поставете ја на начин да не
претставува опасност за никого.
11. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите неопходни
индикации за управување со машината и
за правилно одржување што ги извршува
корисникот. Сите интервенции за регулација
и одржување што не се опишани во ова
упатство треба да ги спроведе застапникот
или специјализиран сервисен центар бидејќи
знаат како и ги имаат неопходните инструменти
со коишто работата ќе се заврши правилно,
земајќи го во предвид првобитниот степен
на безбедност и условите на машината.
Сите операции што се изведени на несоодветен
начин и од неквалификувани лица придонесуваат
да се изгуби секоја форма на гаранција и
секој облик на обврска на производителот.
• Само овластените сервиси за помош
може да ги извршуваат поправките и
одржувањето што се под гаранција.
• Овластените сервисни центри користат само
оригинални резервни делови. Оригиналните
резервни делови и дополнителна опрема
се специјално дизајнирани за машината.
• Резервните делови и дополнителната опрема
што не одобрени, употребата на резервни
делови и дополнителна опрема што не се
оригинални ја поништуваат гаранцијата.
• Препорачуваме да ја однесете машината еднаш
годишно во овластен сервис за одржување,
помош и контрола на безбедносните уреди.
12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Гаранцијата ги покрива сите штети на
материјалите и производството. Корисникот
треба внимателно да ги следи сите упатства
кои се дадени до приложената документација.
MK - 17

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Mp 500 li 48