– употреба на машината од
страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба на машината
доведува до отфрлање на гаранцијата и ја
отфрла секоја одговорност на производителот,
префрлувајќи ги на корисникот произлезените
обврски предизвикани од повреди или
оштетувањата лично или на трети лица.
3.1.3
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат
корисници, т.е. оператори коишто
не се професионалци. Наменета
е за „домашна употреба".
3.2
БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
На машината има симболи (сл. 2).
Нивната задача е да го потсетуваат операторот на
постапките што треба да ги следи внимателно и со
задолжителни мерки за претпазливост.
Значење на симболите:
Внимание! Прочитајте
го упатството пред да ја
користите машината.
Внимание! Оваа машина
може да биде опасна за
вас или за другите доколку
не се користи правилно.
Опасност! Не изложувајте
ја на дожд или влага.
Опасност! Секогаш носете
ракавици кога користите
пила со синџир.
Внимание! Паѓаат предмети.
Држете ги настрана лицата
коишто присутни на местото.
Опасност! Eлектричен удар.
Одржувајте растојание од
најмалку 15 м од каблите
на трансформаторите.
Опасност! Секогаш носете
заштита за главата.
Опасност! Носете чевли со
заштита против лизгање.
Опасност! Носете заштита
за ушите и заштитни очила.
Опасност! Ставајте
заштитна облека.
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале
или не се читливи, треба да се заменат.
Побарајте нови етикети од соодветен
центар или од овластениот сервисер.
3.3
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Етикетата за идентификација ги
содржи следните податоци (сл. 1):
1. Ниво на акустична моќност
2. Ознака за усогласеност со CE
3. Месец/Година на производство
4. Тип на машината
5. Сериски број
6. Име и адреса на производителот
7. Код на производ
8. Напон на напојување
Запишете ги податоците за идентификација за
машината на соодветните места на дадената
етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги дадените
податоци за идентификација секојпат кога
контактирате со овластен центар.
ВАЖНО Примерот за изјавата за усогласеност
се наоѓа на последната страница во упатството.
3.4
ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните главни делови,
коишто се наменети за следни функции (сл. 1):
A. Мотор: обезбедува движење
на уредот со сечивото.
B. Шипка со команди: тука се наоѓаат
главните команди за забрзување.
C. Задна рачка: рачка за потпора поставена
во задниот дел на шипката со команди.
D. Предна рачка: рачка за потпора
поставена на шипката со команди.
E. Уред на поткаструвачот: уред предвиден
за кастрење и обликување на грмушки.
F.
Заштитна опрема: платнени ремени
што минуваат под рамениците.
Помага да се издржи тежината на
машината во текот на работата.
G. Лост за наведување: на него се наоѓа
и го управува синџирот со запци.
MK - 8