Télécharger Imprimer la page

ST MP 700 Li 48 Manuel D'utilisation page 343

Masquer les pouces Voir aussi pour MP 700 Li 48:

Publicité

• Секогаш чистете ја машината по
употребата со чиста и мокра крпа
потопена во неутрален детергент.
• Отстранете ги сите траги на влага со
мека и сува крпа. Влагата остава простор
за ризик од електричен удар.
• Не користете абразивни детергенти
и растворувачи да ги исчистите
пластичните делови или рачките.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење
на моторот и на електричните делови.
• За да избегнете прегревање или оштетување
на моторот и на батеријата, секогаш
проверувајте дали решетката за воздух
за ладење е чиста и без остатоци.
7.4.2
Чистење на синџирот
По секоја употреба, отстранете ги од синџирот
сите траги од сечењето или талози од масло.
Во случај на големи нечистотии или замастеност,
извадете го синџирот и оставете го да постои
во сад со одреден детергент неколку часови.
Потоа, исперете го во чиста вода и испрскајте го
со соодветен спреј против корозија пред да го
поставите на машината.
7.5
ЕЛЕМЕНТ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА СИНЏИРОТ
Пред секоја употреба поверете го елементот за
запирање на синџирот (сл. 1.I) и проверете ја
работата ако има оштетување.
7.6
ОТВОРИ ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ
НА МАШИНАТА И НА ЛОСТОТ
Пред секојдневната работа, извадете го картерот
(пасус 4.2), извадете го лостот и проверете дали
отворите за подмачкување на машината (сл. 26.A)
и на лостот за наведување (сл. 26.B) се блокирани.
7.7
НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Одржувајте ги шрафовите и навртките
затегнати за да бидете сигурни дека
машината е секогаш безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали рачките
се цврсто фиксирани.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1
КЛИН ЗА ПРЕНОС НА СИНЏИРОТ
Со помош на застапникот, редовно
контролирајте ја состојбата на запците и
заменете ги кога ќе бидат изабени.
Не монтирајте нов синџир
со старо копче и обратно.
8.2
ОДРЖУВАЊЕ НА СИНЏИРОТ СО ЗАПЦИ
Од безбедносни причини и поради
ефикасност во работата, многу е важно
уредот со сечивото да биде добро наострен.
Острењето на синџирот е неопходно кога:
• струготините личат на прашина,
• сечењето се одвива со многу сила,
• сечењето не е линеарно,
• вибрациите се зголемени.
Ако синџирот не е доволно наострен,
постои ризик од противудар.
ВАЖНО Препорачуваме острењето на
синџирот да се одвива во специјализиран
центар, може да се изведе со соодветни
апарати кои обезбедуваат минимално
распрскување на материи и острење
константно за сите видови сечења.
8.2.1
Замена на синџирот со запци
Синџирот треба да се смени кога:
• должината на сечивата ќе се
намали за најмалку 5 мм;
• движењето на запците е тешко,
• брзината на сечење е бавна и повторените
острења не ја подобруваат брзината
на сечење. Синџирот е изабен.
ВАЖНО По замената на синџирот, треба често
да ја проверувате затегнатоста на синџирот
за да го проверите лежиштето на синџирот.
8.3
ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОСТОТ
ЗА НАВЕДУВАЊЕ
ЗАБЕЛЕШКА Сите операции што се
однесуваат на лостот за наведување се
работи што бараат специфична компетентност
со ангажирање соодветна опрема за да
може работата да се изведе правилно;
од безбедносни причини, секогаш е
најдобро да се контактира продавачот.
За да се избегне асиметрично
користење на лостот, потребно е тој
периодично да се проверува.
За ефикасно одржување на лостот треба:
1. да се подмачкуваат перничињата
за одложување на запчаникот со
приложениот шприц (ако има);
MK - 16

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Mp 500 li 48