Télécharger Imprimer la page

ST MP 700 Li 48 Manuel D'utilisation page 336

Masquer les pouces Voir aussi pour MP 700 Li 48:

Publicité

H. Синџир со запци: елемент предвиден
за сечење којшто се состои од преносник
со мали сечива наречени „запци" и
странични поврзувања со чивии.
I.
Елемент за сопирање на синџирот:
безбедносен уред којшто спречува
неконтролирани движења на
синџирот со запци во случај на
дефект или разлабавување.
J.
Заштита за лостот: уред за покривање на
пилата со синџир којшто се става врз лостот
за наведување којшто се користи при носење,
транспорт и преместување на машината.
K. Батерија: (ако не се доставува со машината,
погледнете го поглавјето 15.1 „Дополнителна
опрема на барање"): уред којшто овозможува
електрично напојување за машината.
Нејзините одлики и условите за употреба
се опишани во засебно упатство.
L.
Полнач за батеријата (дополнителна
опрема по избор, пасус 15.2): уред
којшто служи за полнење на батеријата.
Неговите одлики и условите за употреба
се опишани во засебно упатство. Достапни
се два модели на полначи на батеријата:
L1 (брзо полнење на батеријата); L2
(стандардно полнење на батеријата).
M. Торбичка за батерии (дополнителна
опрема на барање. пас.15.4): уред
за чување на батериите.
N. Кабел за поврзување: кабел кој
овозможува поврзување на машината
со торбичката за батерии.
O. Симулатор на батерија(дополнителна
опрема на барање. пас.15.5): уред што,
ако е вметнат во куќиштето на машината,
дозволува употреба на торбичката за батерии.
4. МОНТИРАЊЕ
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината веројатно
не се монтирани во фабриката, туку треба
да се монтираат по вадење на амбалажата
следејќи ги следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа треба
да се извршат на цврста и рамна површина
со доволно простор за поместување на
машината и на амбалажата користејќи
секогаш соодветни алати. Не користете ја
машината пред да завршите со сите постапки
наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ".
4.1
ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1
Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
4.2
МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ
ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА
СИНЏИРОТ СО ЗАПЦИ
Секогаш носете масивни ракавици
за работа кога ракувате со лостот и со
синџирот. Обрнете максимално внимание
при составување на лостот и синџирот за да
не се нарушат безбедноста и ефикасноста
на машината; во случај на несигурност,
контактирајте со дистрибутерот.
Извршувајте ги сите операции
откако ќе ја извадите батеријата.
1. Отшрафете го ракофатот (сл. 3.A) и
извадете го картерот на синџирот
(сл. 3.B), за да дојдете до клинот за
преносот и до лежиштето за лостот.
2. Поставете го лостот (сл. 4.A) ставајќи
го клинот (сл. 4.B) на место (сл. 4.C) и
свртете кон задниот дел на машината.
3. Поставете го синџирот околу запците
за влечење (сл. 5.A) и долж лостот за
наведување, внимавајќи при тоа на
правецот на монтирање (сл. 5.B).
Ако крајот на лостот е опремен со запци
за одложување, внимавајте почетокот
на влечењето за синџирот да се вметне
правилно во празнините на запците. 6).
4. Проверете дали клинот за држење на
синџирот (сл. 5.C) е правилно ставен на
свое место во отворот на лостот. Ако
не е така, тогаш вртете го шрафот за
задршка на синџирот (сл. 5.D) додека
клинот не се постави докрај.
5. Поставете го повторно преносникот без
да го затегнете регулаторот докрај.
MK - 9
Правец на
монтирање на
синџирот

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Mp 500 li 48