4 Кога млекото ќе почне да тече, забавете го ритамот со притискање
на рачката и нејзино задржување притисната за момент пред да
дозволите да се врати на положбата во мирување. Продолжете со
овој ритам додека тече вашето млеко. Ако ви се измори раката,
обидете се да ја користите другата рака или пумпајте од другата града.
Забелешка: Не грижете се доколку млекото не почне веднаш да
тече. Опуштете се и продолжете со измолзувањето. Преместувањето
на пумпата за измолзување на градата од време на време може да
помогне да се поттикне протокот на млеко.
5 Продолжете да пумпате додека не почувствувате дека градата ви е
празна.
Кога ќе завршите со измолзување, внимателно отстранете ја пумпата
6
за измолзување од градата и одвртете го шишето или чашата за
чување мајчино млеко од телото на пумпата. Исчистете ги другите
користени делови од пумпата за измолзување (видете 'Чистење и
дезинфицирање').
По употребата
Предупредување: Да се чува само млекото собрано со чиста и
дезинфицирана пумпа.
Доколку сакате да го нахраните вашето бебе со измолзеното мајчино
млеко во периодот од 4 дена, можете да го чувате мајчиното млеко во
фрижидер во склопено шише или чаша за чување мајчино млеко на
Philips Avent. Во спротивно можете да го чувате мајчиното млеко во
фрижидер до 6 месеци.
1 За да го складирате мајчиното млеко: затворете го шишето со дискот
за дихтување и прстенот за навртување (Сл. 11).
2 За да го подготвите шишето за хранење на вашето бебе: поставете
цуцла во прстен за навртување и навртете го склопениот прстен за
навртување на шишето. Покријте ја цуцлата со капачето на шишето
(Сл. 12).
3 Во случај чашата за чување мајчино млеко да е вклучена во рачната
пумпа за измолзување, навртете го капакот на чашата за чување
мајчино млеко. Осигурете се дека сте го затвориле правилно за да
избегнете протекување (Сл. 13).
4 Расклопете ги и исчистете ги сите делови што биле во контакт со
мајчино млеко (видете 'Чистење и дезинфицирање').
Забелешка: За безбедно користење на шишиња и чаши за чување
мајчино млеко, прочитајте ги одделно обезбедените прирачници за
корисникот.
Македонски
197