Télécharger Imprimer la page

Philips AVENT SCF430/00 Mode D'emploi page 194

Publicité

194
Македонски
Подготовка за користење
Расклопете ги, исчистете ги и дезинфицирајте ги сите делови на пумпата
за измолзување што ги користите пред првото користење и после секое
користење.
Внимание: Бидете внимателни при отстранување и чистење на
белиот вентил. Не ставајте предмети во белиот вентил затоа што тоа
може да предизвика штета.
Чистење и дезинфицирање
Чекор 1: Расклопување
Целосно расклопете ја пумпата за измолзување и шишето. Исто така,
извадете го белиот вентил од телото на пумпата и вратот од силиконската
дијафрагма.
Чекор 2: Чистење
Деловите може да се измијат рачно или во машина за миење садови.
Предупредување: Не користете антибактериски или абразивни
средства за чистење на деловите од пумпата за измолзување
затоа што тоа може да предизвика оштетување.
Чекор 2A: Рачно чистење
1 Исплакнете ги сите делови под млаз топла вода од чешма.
2 Исчистете ги сите делови со четка за чистење во топла вода со малку
благо течно средство за миење садови.
3 Темелно исплакнете ги сите делови под млаз чиста ладна вода од
чешма.
4 Оставете сите делови да се исушат на воздух на чиста крпа или на
решетка за сушење садови.
Чекор 2B: Чистење во машината за миење садови
Забелешка: Боите за храна може да ја променат бојата на деловите.
1 Ставете ги сите делови на горната решетка на машината за миење
садови.
2 Ставете течност за миење садови или таблета во машината и пуштете
стандардна програма.
3 Оставете сите делови да се исушат на воздух на чиста крпа или на
решетка за сушење садови.

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Avent scf430Avent scf430/10Avent scf430/13Avent scf430/16