198
Македонски
Предупредување: Ставете го во фрижидер или замрзнете
го измолзеното млеко веднаш, означете датум и време или
чувајте го на собна температура најмногу 4 часа пред да го
нахраните бебето. Никогаш немојте повторно да го замрзнувате
веќе одмрзнатото мајчино млеко за да избегнете намалување
на квалитетот на млекото. Никогаш немојте да додавате
ново мајчино млеко на замрзнатото мајчино млеко за да
избегнете намалување на квалитетот на млекото и ненамерно
одмрзнување на замрзнатото млеко.
Забелешка: За повеќе информации за пумпата за измолзување и за
совети за измолзување млеко, одете на www.philips.com/avent.
Чување
Чувајте ја пумпата за измолзување од директна сончева светлина бидејќи
долга изложеност може да предизвика промена на бојата. Чувајте ја пумпата
за измолзување и нејзините делови на безбедно, чисто и суво место.
Компатибилност
Рачната електрична пумпа за измолзување Philips Avent е компатибилна
со сите шишиња за бебиња во палетата на Philips Avent Natural и
садови за чување мајчино млеко Philips Avent со адаптер за чаша. Не
препорачуваме користење на стаклените шишиња Philips Avent Natural со
пумпата за измолзување.
Технички информации
Работни услови:
-
Температура 5 °C до 40 °C (41 °F до 104 °F)
-
Релативна влажност 15 до 90 % (некондензирачки)
-
Притисок 700–1060 hPa (<3000 m/9842 ft. надморска височина)
-
Услови за складирање и транспорт:
-
Температура -25 °C до 70 °C (-13 °F до 158 °F)
-
Релативна влажност до 90 % (некондензирачки)
-
Материјали: полипропилен, силикон
-
Работен век: 500.000 циклуси на пумпа
-
Решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги
имате со рачната пумпа за измолзување. Доколку не можете да го
решите проблемот со помош на информациите дадени подолу, одете
на www.philips.com/support за да побарате список од најчесто
поставуваните прашања или јавете се во Центарот за грижа на корисници
во вашата земја.