Télécharger Imprimer la page

Bosch GWS 27-230 J Professional Notice Originale page 239

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS 27-230 J Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
Вклучете го електричниот алат и
поставете го со предниот дел на
лизгачките водилки на делот што се
обработува. Поместувајте го
електричниот алат со умерено
движење по материјалот што се
обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во
празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Сечење на други материјали
При сечење на други материјали како
u
пластика,композитен материјал итн. со композитен
диск за сечење или карбиден диск за сечење
Carbide Multi Wheel секогаш користете ја
заштитната хауба за сечење (13) или заштитната
хауба за брусење (5) со монтиран поклопец за
сечење (24). Со користењето на хаубата за
всисување со лизгачки водилки (18) ќе постигнете
подобар резултат од всисувањето прав.
Работење со дијамантска крунеста бургија
Користете само сува дијамантска крунеста бургија.
u
При работењето со дијамантската крунеста бургија
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (19).
Не поставувајте ја дијамантската крунеста бургија
паралелно на делот што се обработува. Навалете се во
делот што се обработува под агол и со кружни движења.
Ова ви овозможува да постигнете оптимално ладење и
подолг работен век на дијамантската крунеста бургија.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите
специфични за земјата. Мора задолжително да се
придржувате до овие прописи. Пред почетокот на
работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или
надлежните градежни раководители за да се советувате.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
При работа на електричниот алат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не
располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не
располагаат со соодветна регулација на јачина, може да
дојде до губење на јачината или нетипично однесување
при вклучување.
Bosch Power Tools
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Држете го уредот само за изолираните рачки и
u
дополнителната рачка. Алатот за вметнување може
да дојде во контакт со скриени струјни кабли или
сопствениот кабел. Контактот со струјниот кабел
може металните делови на уредот да ги стави под
напон и да доведе до електричен удар.
Вклучување/исклучување
4
2
Конструкција на прекинувачот со блокада
За ставање во употреба на електричниот алат,
притиснете го најпрво прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) ➊, потоа турнете го нанапред ➋.
Притиснете го на крај и држете го притиснат ➌.
За заклучување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (2) вметнете го прекинувачот
за исклучување/вклучување (2) нанапред ➍.
За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и потоа
отпуштете го.
Конструкција на прекинувачот без блокада
За ставање во употреба на електричниот алат,
притиснете го најпрво прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) ➊, потоа турнете го нанапред ➋.
Притиснете го на крај и држете го притиснат ➌.
За да го исклучите, отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (2).
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Македонски | 239
1
3
1 609 92A 9L8 | (11.04.2024)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gws 27-180 j professional