Télécharger Imprimer la page

Bosch GWS 27-230 J Professional Notice Originale page 236

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS 27-230 J Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
236 | Македонски
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење".
Заштитна хауба за брусење
Поставете ја заштитната хауба (5) на грлото на вретеното.
Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба (5)
според потребите на работниот процес и фиксирајте ја
заштитната хауба (5) со завртката за фиксирање (6).
Поставете ја заштитната хауба (5) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Заштитна хауба за сечење
За сечење секогаш користете заштитна хауба за
u
сечење (13) или заштитна хауба за брусење (5)
заедно со поклопецот за сечење (24).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (13) се монтира како
заштитна хауба за брусење (5).
Поклопец за сечење
Монтирајте го поклопецот за сечење (24) на заштитниот
капак за брусење (5) (види слика A): навалете го лостот
наназад (➊). Ставете го поклопецот (24) на заштитната
хауба за брусење (5) (➋). Цврсто притиснете го лостот на
заштитниот капак (5)(➌).
За демонтирање (види слика B) навалете го лостот
наназад (➊). Извлечете го поклопецот (24) од
заштитниот капак (5) (➋).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Поставете го капакот за всисување за сечење со лизгачки
водилки (18) на грлото на вретеното. Прилагодете ја
позицијата на капакот за всисување (18) според
потребите на работниот процес. Фиксирајте го капакот за
всисување (18) со завртката за фиксирање. На капакот
за всисување со лизгачки водилки (18) може да се
поврзе соодветен Bosch-всисувач. За таа цел, вметнете
го цревото за всисување со адаптерот за всисување во
предвидената приклучница на капакот за всисување.
Заштита за дланките
Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога
u
работите со гумениот брусен диск (20) или со
лончестата четка/конусната четка/дијамантската
крунеста бургија (19).
Прицврстете ја заштитата за рацете (19) со
дополнителната рачка (3)/(28).
Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка
за придушување на вибрациите
Навртете ја дополнителната рачка (3)/(28) од десно или
од лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
1 609 92A 9L8 | (11.04.2024)
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (3)/(28).
Не продолжувајте со работа со електричниот алат,
u
ако дополнителната рачка (3)/(28) е оштетена. Не
вршете промени на дополнителната рачка (3)/(28).
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите (28)овозможува
работење со мали вибрации и пријатна и безбедна
работа.
Монтирање на брусни алати
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (16) и сите делови за
монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за
да го зацврстите вретеното за брусење.
Притиснете го копчето за блокирање на вретеното
u
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Напомена: при монтирање на композитни брусни плочи
или дискови за сечење со помош на испорачаната
приклучна прирабница (7) и затегнувачката навртка (11)
одн. брзозатезната навртка (12) употребата на
меѓуслоеви не е потребна.
За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење
ставете ја приклучната прирабница со O-прстен (7) на
вретеното за брусење (16) и завртете ја затезната
навртка (11). Внимавајте на усогласувањето на затезната
навртка (11) во зависност од употребената брусна плоча/
диск за сечење (видете ги сликите во предниот дел од
упатството за употреба), и затегнете ја со клучот со два
отвори(види „Брзозатезна навртка 
Страница 237).
По монтажата на алатот за брусење, пред
u
вклучувањето, проверете дали тој е точно
монтиран и дали може слободно да се врти.
",
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gws 27-180 j professional